Гогов имаше неверојатно висок процент од 57% во Лига на шампиони што не се гледа често по ракометните паркети.
Васил доби 15-ина минути во вториот дел наместо првиот голман Томовски и покажа лепеза одбрани кои го препорачуваат и за сериозно место на голот на репрезентацијата.
Запиша дури осум интеревенции а му фати и пенал на искусниот француски репрезентативец Мае. Притоа Гогов бранеше и контри на унгарскиот претставник Веспрем, фати еден зицер од крило а имаше и четири одбранети удари од шест метри.
Васил Гогов првпат почнал со ракомет во струмички Астраион од каде во 2019-та година доаѓа во европскиот првак Вардар. Интересно, своето деби во елитната Лига на шампиони го има во декември истата таа 2019-та против унгарски Веспрем.