Тимур Дибиров е роден на 30 јули 1983-та во рускиот град Петрозаводск. Во Вардар е од 2013-та година. Освои две шампионски титули во Лига на шампиони (2017 и 2019), освои 6 титули во македонската Супер лига, 6 Купа и 3 Суперкупа на Македонија, четири пати го крена пехарот во СЕХА лигата.
Со Русија играше на Олимписки Игри 2008 и на неколку европски и светски првенства. На Мундијалот 2013 каде Русите стигнаа до четвртфинале, Дибириов постигна 46 погодоци, беше најефикасен во неговата селекција и трет најдобар стрелец на целото Светско првенство.
Со сопругата, поранешната ракометарка Ирина Полторацко има две деца, син Мурад и ќерка Тиана.