
37 годишниот Попов, кој од неодамна влезе во менаџерски води, смени повеќе клубови во кариерата, а зенитот го достигна во Херенвен каде го освои холандскиот куп во 2009-та, како и во Динамо Киев каде потоа настапуваше две сезони.
Во меѓувреме, струмичанецот стана втор македонски фудбалер после Артим Шаќири кој заигра за ВБА и еден од ретките наши играчи во Премиер лигата.
Горан Попов ја заврши кариера во Вардар во 2019-та и има 46 репрезентативни настапи.
Тој побара веднаш војната да престане.