За да не ги помешате, бидејќи се близнаци, овој пат проектили во Јане пукаше Оливие, кој го носи дресот со број 6, а брат му Кевин е 10-ка и со Мешков експлодираше со 8 од 8. Со залет, од место, со скок пук, без скок. Браќања се спектакл за гледање.
Цврсти на гол, борбени во одбрана, самоуверени и паметни во напад и пред сè мотивирани. Вардарци го имаат рецептот за нови радости во Лига на шампиони, а по Мешков Брест, му покажаа кој е газда во Јане Сандански и на Алборг. Уживајте во најинтересни моменти од триумфот над данскиот противник (30:28).
Елиф Елмас ја доби “македонската пресметка“ во Џенова со 1:2 во дуел на кој настапија и двајцата наши фудбалери. Фудбалерите на Наполи се смееле за поништениот гол на Горан Пандев, тврди тренерот на Џенова.
И покрај тоа што целите кои ги постави ги исполни, а тоа се пласман со Македонија на ЕП и опстанок со Џенова, сепак Горан Пандев ја продолжи за уште една година неговата 20 годишна блескава кариера во италијанската елита.
Блескавата и долга кариера во Италија на нашиот сега веќе поранешен капитен е инспирација за многу генерации фудбалери. Со него од неодамна има среќа да тренира дете – бегалец од војна, кое добива совети како да го фати вистинскиот пат.
Уште една сезона ќе уживаме во фудбалските мајстории на генијалецот од Струмица кој откако се повлече од репрезентативната кариера, реши да одигра уште една година на клупско ниво.
Ова е приказна за најегзотичниот трансфер летово. Висок центарфор откако научил како се жртвува јаре во Узбекистан, па преку Ростов на Дон стигна до Џенова, сега ќе го води нападот на Рома кој е голема одговорност. Го планираат за наследник на Џеко.
Добра група, по свој терк добија црвено-црните кои ги избегнаа гигантите ПСЖ, Веспрем и Барселона но ќе играат против шампионите на Данска, Норвешка, Унгарија, Хрватска.
ЕХФ не ја заборави пантерската интервенција на Никола Митревски против Пиг Сегед и заслужено ја смести во најјаките на сезоната во Лига на шампиони. Погледнете го што направи, се фрли како Џиџи Буфон и со глава му ја фати.
Ова е едно од нив. Овој пат од поинаков агол. Прво во прегратка на фудбалер на Јувентус, па поздрав со почит од фудбалер на Барселона, всушност двајца младичи кои гледаат со респект и треба да учат од нашата легенда. Ах колку ќе фали овој човек во репрезентација.
„Шефе, благодарам е малку да ти кажам, Вие го сплотивте цел македонски народ, направивте да се сакаме како браќа во репрезентација и да гинеме еден за друг“.
Горан и другарите биле страв и трепет во пионерска категорија и сезоната ја завршиле со 26 од 26 и импресивна гол разлика 130:11. Следната сезона како кадети ја освоиле двојната круна и тоа со победи против Слога и Вардар во Скопје. Историја најдобро позната во Струмица.
Имобиле, Роналдо, Балак, Друловиќ, Паненка, Клинсман, Зидан, Руи Коста, Нистелрој, Пирло...Сè се тоа фудбалери кои дале гол со 30+ на ЕП, но никој од нив на годините кои ги има нашата легенда пред која има само едно име на вечната листа.
Италијанските медиуми не застануваат со темата Горан Пандев. Јубилејот на македонската легенда беше инспирација за Скајспорт да ја стокми топ 20 листата на најефикасни странци во историјата на италијанскиот фудбал. Друштвото е елитно.
Кога во 21-та минута удри втор пат по Беневенто за конечни 2:2 и стигна до бројка од 100 гола во Серија А, Горан се доближи до камерата и кажа нешто. Тоа било поздрав до син му на кој му го честита 11-от роденденот со гол.
„Горан Пандев е светилник на својата земја Македонија. Никој не однел на Европско една таква стара нација која годинава слави 30 години независност. Голови, насмевки, радост, алтруизам, класа. На 37 години Пандев е сè ова. Но тој е гордост на уште еден стар народ, а тоа се Џеновезите“.
Со секогаш расположениот Рики може да зборувате со саати на различни теми и секогаш да ви биде сè поинтересно. Има животна приказна во него вредна документарец. Тргна од скопскиот асфалт и стигна до фантастични фудбалски висини. До момент Жозе Мурињо да му донесе поклон специјално за него.
„Се кроеше долго време политика околу репрезентацијата и селекторот. Претседателот и некои луѓе сакаа да ја нарушат атмосферата повеќе од две години, но не успеаја и имам впечаток дека не се среќни што се пласиравме на ЕП“.
Ракометарите на Вардар го претрпеа и шестиот пораз во Лига на шампиони, откако вечерва минимално загубија 34-33 на гостувањето кај Пик Сегед во Унгарија.
Најзаслужниот што Македонија ќе игра на едно Европско првенство, капитенот Горан Пандев на својот Инстаграм профил напиша долга објава и се закани дека ќе се повлече од македонскиот клупски фудбал ако нешто не се смени.
Со фантастични 97 погодоци, Горан Пандев е прв на листата стрелци во Серија А меѓу балканските фудбалери. Зад него се Мирко Вучиниќ, Јосип Иличиќ, Един Џеко и Деки Станковиќ. Словенецот искоментира дека ќе го стигнел Пандев наскоро.