Последниот емотивен поздрав од капитенот до селекторот

„Шефе, благодарам е малку да ти кажам, Вие го сплотивте цел македонски народ, направивте да се сакаме како браќа во репрезентација и да гинеме еден за друг“.

Игор Ангеловски напиша статус за приказната од Џенова до Амстердам која рече дека вечно ќе се памети и им се заблагодари на сите за прекрасните пет и пол години.

На последниот селекторски поздрав на Мрме, му врати капитенски Горан Пандев, кој се потсети на нивниот разговор во Џенова на 20 октомври 2015-та.

Клучен за неговиот кам бек во репрезентацијата на Македонија и за остварување на неговиот сон, како и на цела земја.

„20-10-2015 прв пат кога се сретнавме во вашите очи видов енергија, сигурност и голема желба да ја вратиш репрезентацијата во живот. Ги памтам твоите зборови кога ми рече дека ќе направите од репрезентацијата една голема фамилија и дека вашата цел е Македонија да се пласира на европско првенство. Сите овие години не беше лесно, имаше и многу препреки, но ти гордо ја чуваше нашата фамилија.

Шефе, благодарам е малку да ти кажам, Вие го сплотивте цел македонски народ, направивте да се сакаме како браќа во репрезентација и да гинеме еден за друг. Затоа, сакам да ти кажам дека вечно ќе останеш во моето срце“

24 јуни 2021 - 14:07