Во рамките на 2. коло во Серија А, Наполитанците славеа 1:2 со головите на Фабијан Руиз во 39-та и Андреа Петања во 84-та минута, а за домаќините стрелец беше Андреа Камбјасо во 69-та минута.
Елмас беше стартер и беше заменет во судиското продолжение, а Пандев го одигра цело второ полувреме.
Голема прашина се крена за голот на нашата легенда во 54-та минута кој главниот судија го призна, но потоа беше поништен преку ВАР снимката поради прекршок во напад.
Балардини веднаш по мечот изјави дека судијата погрешил
„Мислам дека немаше фаул во акцијата кога Пандев даде гол. Четири или пет играчи на Наполи почнаа да се смејат бидејќи беа убедени дека голот е регуларен“, рече стратегот на Џенова.
За спорниот момент Еуроспорт тврди дека гостинскиот голман бил тој кој погрешно се поставил и со колено го удрил Букса по што првичната судиска одлука била исправна. Во насловот стои дека ни протоколо за ВАР не бил испочитуван.
Две победи за Елмас, два порази за Пандев после стартните две кола во Серија А.