Колку и да звучи будалесто, актулниот конфликт меѓу Иран и САД почнува да потсетува на виц. Само што за нас Европјаните, има уште многу работи од кои може да се плашиме.
Излегувањето на „Потеклото на видовите“ на Дарвин во 1859 го променило текот на научната историја. Она што е необично е што нејзиниот издавач бил и меѓу нејзините најголеми критичари.
„Пред некој ден жен ми ја чешаше грб и ајде да помогнам кога таму - тетоважа која првпат ја гледам! Тоа ви кажува колку често имаме секс“, ја најави Пит Таузенд песната „Tattoo“ на акустична свирка во лондонскиот клуб Призма со која The Who одбележаa 50 годишнина од нивниот клучен концерт на Универзитетот во Лидс. Песната ја немаат свирено 12 години.
Секс во тројка е најчестата сексуална фантазија меѓу Американците, според едно истражување составено од 4175 испитаници, во кое од сите луѓе на возраст од 18 до 85, 95% мажи и 87% жени пријавиле дека фантазирале за секс со повеќе партнери. Но, оние што навистина успеале да си го остварат тоа, кажуваат и дека таа фантазија има најголем потенцијал да тргне наопаку.
Во ваков свет каде што сексуален партнер можеш да најдеш побрзо отколку да ти достават пица, никогаш не било полесно да бркаш дечковци/девојки. Но, и покрај сите апликации и пораки во инбокс, изненадувачки голема бројка на луѓе апстинираат - и тоа не од религиозни причини или затоа што не можат да си најдат некој - нив целибатот е тоа што ги прави посреќни.
Многу оддамна, во далечната 1998, се роди „Сексот и градот“, а со тоа и зачетокот на инфлуенсерството какво што го знаеме денес. Ова е пред повеќе од 20 години и навистина личи како да постоело во изолиран свет, во Њујорк што нема врска со денешниот Њујорк, ама сè си е тука, како ембрион на чудовиштето што го имаме денес.
Организаторите на првата британска изложба на тема тантра, на публиката ѝ порачуваат две битни нешта: дека таа нема да вклучува ништо од Кама Сутра. И дека во неа не е спомнат Стинг.
Лоло Џонс во емисијата Laugh Out Loud кај Кевин Харт, отворено зборуваше за нејзиното признание дека како посветена христијанка, својата драгоценост ја чува за бракот.
Турските парламентарци дадоа првична поддршка на законот кој ќе им дозволи на мажите да се извадат од обвинение за секс со малолетничка, доколку потоа се оженат со девојката. Освен женењето, втор критериум во законот е дека односите треба да бидат без „насилство и закани“.
45-годишен педофил, кој не може да изгледа повеќе како педофил и да сака, пред суд изјавува дека не е педофил затоа што се идентификувал како 8-годишно девојче, па затоа и не се страшни делата што ги правел.
Празниците не се завршени, но можеби веќе ви е јасно дека наскоро ќе мора да се сврти малку на диета и поздрав живот. А можеби кифлите помалку се фаќаат ако се оди на прсти?
Поранешниот судија од Премиер лига Роберт Медли конечно, после скоро 6 месеци, реши да раскаже за причините поради кои го отпуштиле од работа во август минатата година. Направил моронска шала, ама доблесен е да признае и да се извини.