Тројка најлесно се расипува

Секс во тројка е најчестата сексуална фантазија меѓу Американците, според едно истражување составено од 4175 испитаници, во кое од сите луѓе на возраст од 18 до 85, 95% мажи и 87% жени пријавиле дека фантазирале за секс со повеќе партнери. Но, оние што навистина успеале да си го остварат тоа, кажуваат и дека таа фантазија има најголем потенцијал да тргне наопаку.

„Повеќето луѓе немаат смислено сценарио за тоа како треба да се одвива една тројка,“ вели организаторот на студијата, Др. Џастин Лехмилер. „Звучи како одлична идеја… но реалноста е често многу поинаква од она што го имаме во глава.“

Друго истражување, од 2017 покажува дека еден од петмина на некој начин учествувал во секс во тројка, што е еднакво често колку имање мачка.

Тие што уште немале тројка, ја замислуваат како едноставна равенка - поврзаноста и сензацијата меѓу двајца, помножена со 150%. Паровите дури и можат третата личност да ја сметаат за помошник, или додаток за зголемување на задоволството, а всушност, работата е многу покомплексна од едноставните комбинации на ЖЖМ или ММЖ (Ж=жена, М=маж). Самиот факт што многу поретко се зборува за ЖЖЖ и МММ треба нешто да ни каже.

Учесниците може да имаат различни мислења околу тоа колку тоа предвреме треба да се дискутира, што надминува граници и кој ќе биде центар на внимание. „Луѓето сакаат да учествуваат во тројки од различни причини,“ вели Лехмилер. Што значи дека најчестата сексуална фантазија можеби е и најслабо разбрана.

Истражувањата добиваат непријатна димензија кога ќе се разгледаат сведоштвата на жени што изјавиле дека „некако не можеле да кажат не“ или „незгодно би било да се повлечат“. И од мажите некои зажалиле, особено кога чинот вклучувал другар. Со оглед на тоа колку често мора „со убедување“, во многу случаи излегува дека чинот е алтруистичен, каде што, помалку ентузијастичниот партнер не само што не се потресува околу тоа, туку не се ни замара, а во тројката учествува затоа што на партнерот ќе му значи.

Вистината е дека многу тројки се случуваат од желба за нешто ново и поинакво. За помладите, тоа значи „конзумеристичка сексуалност“, или пробување сѐ, пред да се смириш во сериозна врска. Сепак, Лехмилер забележува дека интересот за тројки е доста мал кај студенти, на пример, а главно го наоѓа кај луѓе на возраст од околу 40 и годините што следат потоа.

Излегува дека тројките се нешто што се наметнало како модерно во ’80-ти, па уште ги врткаат во глава луѓето што денес имаат 40, 50 и повеќе, без разлика дали ги доживеале или не. На новиве деца изгледа не им е ништо посебно.

Главно, треба да се внимава со очекувањата околу тоа како треба да помине една тројка, особено ако ви е прв пат.

Реалноста речиси никогаш не изгледа како фантазијата, во овој случај.

12 февруари 2020 - 12:08