Кери Бредшо и раѓањето на инфлуенсерството

Многу оддамна, во далечната 1998, се роди „Сексот и градот“, а со тоа и зачетокот на инфлуенсерството какво што го знаеме денес. Ова е пред повеќе од 20 години и навистина личи како да постоело во изолиран свет, во Њујорк што нема врска со денешниот Њујорк, ама сè си е тука, како ембрион на чудовиштето што го имаме денес.

Прво, зошто „Сексот и градот“ беше толку популарна серија и зошто сите сакаа да го живеат тој живот? 

Ако убаво размислите, се работи за протагонист што пишува колумна за секс и врски во весник, што во основа значи дека имаме протагонист што заработува од зборување за себе. Кога не работи, денот си го исполнува со другарки, пијачки, излегување, занимливости и штикли, а освен ако не е тоа фокусот на епизодата - финансиите ретко се дискутираат.

Значи, што има да не се сака тука?

Плус, има еден штраф во машината на инфлуенсерството, што тргна од „Сексот и градот“ и дојде до денешната форма: Кери Бредшо сакаше да ги споделува нејзините искуства. Така, производите што ќе се појавеа во серијата, во реалниот живот се продаваа како да е крај на светот - што ја прави Кери прототип за она што денес го викаме - инфлуенсерски маркетинг.

Таму го видовме прв пат, а си постои со различно име, неколку години претходно - поради иницијатива вредна за учебници по маркетинг, смислена од маркетиншкиот гуру Мајкл Бладер, кој почнал да дели Камел цигари по клубови и галерии.

Sирнете, супер анализа е ова:

30 јануари 2020 - 11:59