Кога врне - истура

Нередовниот секс води до порана менопауза е денешната напријатна вест. Ем нередовен, ем ти да го јадеш.

Според едно ново истражување, се открива дека жените кои имаат сексуална активност на неделно ниво имаат 28% помалку шанси да искусат менопауза на било која возраст, отколку жени што имале сексуална активност поретко од еднаш месечно. Инаку, се работи за најголемото истражување и најрепрезентативно на тема премин во менопауза.

Авторката на истражувањето, Меган Арнот вели:

„Резултатите покажуваат дека ако жената нема секс и нема шанса за бременост, тогаш телото бира да не инвестира во овулација затоа што нема поента. Можно е да постои биолошка енергетска размена меѓу вложување енергија во овулација и вложување во нешто друго - на пример, да се биде активен за да се грижиш за внуци.”

Значи, телото решава да затвори дуќан, затоа што има ново, индиректно потомство?

Еве како тоа функционира и има логика:

„Идејата дека кај жените престанува плодноста за да инвестираат повеќе време во семејството е позната како „Баба-хипотеза”, а предвидува дека менопаузата еволуирала кај луѓето за да го намали репродуктивниот конфликт меѓу различни генерации жени и да им овозможи на жените да го оддржат физичкото здравје преку вложување во нивните внуци.”

За време на овулацијата, имунолошкиот систем на жената е ослабнат, па телото е поподложно на болести. Помали се шасните за бременост ако е намалена сексуалната активност, па придобивки има од откажувањето, особено ако постои опција да се инвестираат ресурси во веќе постоечките потомци.

Испитани се 2936 жени, на средна возраст од 45 години. Одговарале по неколку прашања - дали имале секс со партнерот во последните шест месеци, колку често (вклучувајќи и дали било однос, орален секс, допирање) и дали се стимулирале самите себе во последните шест месеци. Најчестата шема била неделна (64%).

Ниедна од жените не била во менопауза, но 46% биле влезени во рана пери-менопауза (со симптоми како жештини и промени во циклусот), а 54 биле пред менопауза (редовни циклуси, жештини и симптоми на пери-менопауза). Интервјуата се правеле во период од 10 години и довеле до сознанието дека 45% од првичните 2936 жени искусиле природна менопауза на просечна возраст од 52 години, плус - дека, во основа, колку почести биле сексуалните активности, толку подоцна настапувал овој период. Се работи за нијанси, но сепак, природата сака да ни го каже токму тоа.

Да ја кажеме поуката од текстов, или сами ќе ја извлечете?

17 јануари 2020 - 12:45