На една година пред отказот кој го добил, Медли го судеше Суперкупот на Англија и влезе на списокот најдобри арбитри во Премиер лигата. Но на 32 години ја заврши кариерата и се преселил во Норвешка. Причина за тоа се, вели промените во личниот живот.
А главна причина за отказот се испостави дека е тоа што на Snapchat постирал видео од инвалид со натпис: „Имам шанси да победам на родителската трка во школо“.
Медли долго време не коментирал ништо, но на влезот во 2020-та на The Referee's Word напишал долга статија :
„По крајот на деценијата чувствувам дека дојде време да се заборави минатото. Дојде време да проговорам за тоа што ми се случи во последните 18 месеци“, го почнал текстот Медли.
Тој ги искоментирал сите верзии кои излегле во јавноста претходно а кои биле поврзани со неговиот отказ.
„На Твитер се појавија гласини дека ме отпуштиле поради видео на кое сум имал секс со куче. Прво тоа ми делуваше смешно, како луѓето може да одат до такви заклучоци. А некои го сфатија тоа сериозно и бараа полицијата да го истражи делото. Други викаа како лично го виделе видеото и дека треба под итно да бидам уапсен.
Луѓето не мислат дека со тоа може некому да му нарушат репутација, не зборувам за психичките проблеми кои ги предизвикуваат таквите гласини. Имав страници на социјалните мрежи но добив многу сериозни закани од луѓе кои се занимаваат со прашања за правата на животните. Тие дури и ја бараа мојата адреса. Ова се прошири по цел свет и од тој ден добивам наведи“.
Медли потврдил дека невкусната и непримерена шега во врска со инвалидот, била поврзана со денот на спорт во школо кај ќерка му. Тој не учествувал во трката и другите родители го зафркавале дека се плашел да не изгуби како професионален судија во Премиер.
„Седев во кола со телефон во рака и пред мене пројде човек кој имаше проблеми со штаките. За следната акција ми е срам. Снимив видео од 6 секунди, ништо не искоментирав но само напишав: „Ебате, имам шанса да победам на родителската трка годинава“.
„Надвор од контекст изгледа срамно. Разбирам и прифаќам вина. Иако сакав шегата да се однесува на мене. Да сум го прател некому видеото на Snapchat, тогаш би ја прифатил одлуката која дојде како резултат на тоа. Не направив ништо такво. Ја сочував во мобилниот. Му ја пратив во приватна порака на некој на кого му верував, некој кој беше голем дел од мојот живот во претходните 10 години. Некој кој го разбира контекстот на коментари по повод денот на спортот во школо. Жал ми е што го снимав видеото, жалам што го пратив тоа видео и беше само црн хумор. Шега. Немаше намера да се навреди некој“.