По неполни 100 случаи на заразени од Б.1.1.529 варијантата на ковид-19 во Јужна Африка, речиси цела Европа забрани дојдовни летови од Јужна Африка, а по пат и од неколку други африкански држави.
Откако неделава се забави стапката на вакцинирање во градот, а бројот на заразени од ковид-19 скокна, во руската престолнина воведен е масовен карантин за сите над 60 години што не примиле вакцина и за „лица што страдаат од хронични болести“. Карантинот ќе трае до крајот на февруари.
Лабораторијата во Вухан и понатаму останува главниот осомничен во истрагата за можното потекло и протекување на ковид-19 од лабораторија. Но како минува време така во целата работа почнаа да се вплеткуваат имињата на некои од „хероите“ на пандемијата.
Ви кажавме. Ви кажавме дека ЕУ не е некоја хипиевска, интернационалистичка екипа туку само за себе заинтересиран протекционистички блок. Ви кажавме дека е склеротична бирократија чија централизација на моќта се повеќе и повеќе им отежнува на земјите членки да се однесуваат како демократски нации и соодветно и брзо да одговорат да потребите на сопствениот народ.
Прво казните беа воведени, па потоа ставени на пауза заради страв дека можеби не се фер, па сега пак вратени откако бројот на заразени од ковид-19 ја надмина фазата кога луѓето стравуваат за фер и нефер казни.
Откритието на научниците од Универзитетот во Кардиф е дека средството за плакнење уста (mouthwash) што содржи 0,07% цетилридиниум хлорид го убива коронавирусот во рок од 30 секунди.
Дури и ефикасна вакцина нема да биде доволна за повторно воведување на „нормален живот“ и луѓето треба да бидат пореални за тоа што и кога може да постигне вакцината, препорачува група водечки британски научници.
Кој може да работи од дома, пабовите да затвораат во 10 часот, забрана за сите тимски спортови на затворено и дополнителни ограничувања на свадбите, се дел од новите мерки за борба против ковид-19 кои ги објави Борис Џонсон „во време кога Британија е пред опасна точка на пресврт“.
Драматичното намалување на посетители, од милиони на само илјада, се должи на пандемијата, а саудиските власти аџилакот годинава го закажаа за 29 јули.
Советот е од здравствени експерти и се однесува на Американците кои и ова успеаа да го претворат во политичко прашање. Во меѓувреме САД стигнаа до 2,6 милиони случаи на ковид-19.
Според најновите информации, Бразил на 18-ти јуни го рестартира фудбалот. На легендарната Маракана каде има мобилни болници за заразени од КОВИД-19 треба да се сретнат Фламенго и Бангу и покрај пандемијата.
Американскиот Сенат го изгласа финансискиот пакет за спас на економијата на земјата кој изнесува некаде околу 10% од вкупниот БДП на САД. И покрај баснословната сума очекувањата се дека ќе треба уште.
Од 20-ти јануари годинава Пекинг Аеномед нема затворено и нема прекинато со производство на вентилатори, а од пред две недели на фабричките ленти се и вработените кои никогаш претходно не се симнале во фабричките хали.
ЕУ побара од компании како Нетфликс, Јутјуб и Фејсбук периодов да го укинат ХД квалитетот на видеата што ги нудат за интернет мрежите да можат да го издржат напливот на корисници кои моментално се на принуден домашен одмор или работат од дома.
Коронавирусот еден ден ќе пројде, резилот што го изеде добар дел од австралиско / американско / британската јавност за трупањето залихи со тоалет хартија нема да пројде. Еве една домаќинска математика околу ролните што се изнакупуваа.
Пали Тордарсон е професор по хемија на австралискиот Универзитет на Нов Јужен Велс кој во една реденка од речиси 40 твитови се обидува научно човечки да објасни сè што знае на тема сапун, и зошто тој е толку успешен во заштита од ковид-19. Спојлер: професорот неспоредливо повеќе е наклонет кон сапун во неговата оригинална тврда агрегатна состојба, а не течна.