Луѓето задолжени за профилите на социјалните мрежи на фудбалската асоцијација на Велс (посебно оние на Твитер) продолжија со заебанцијата на сметка на Реал Мадрид. Откако навивачите ја пееа песната „Велс, голф, Мадрид“ посветена на тоа што му е најважно на Герет Бејл, сега и официјалните профили продолжија со спрдњата.
По катастрофалните резултати на екипата, тренерот на Вест Хем Мануел Пелегрини висеше со една нога над бездната од отказ. Го спаси третиот голман кој никогаш не бранел во Премиер лига.
Хрватскиот репрезентативец Марио Пашалиќ постигна два гола на мечот Бреша - Аталанта 0:3. Првиот е брз шах - мат потег кој може да ви избега од вид ако трепнете. Петица без да гледа, ама кроз нозе.
Македонската фудбалска репрезентација ги дозна можните противници за следното Европско првенство на кое се разбира ќе учествува ако го освои фајнлфорот во Лига на нации.
Во ера на Лионел Меси и Кристијано Роналдо, понекогаш и подзабораваме да го држиме фокусот на други играчи. Не играчи, туку играчишта, а ги има многу, што млади, што на оние најзрели години под 30. Кај знае на што ќе личеше Холандија со него?
Што поради близината, што поради одличните настапи на нивниот Динамо, околу 5.000 навивачи на хрватскиот шампион отпатуваа за Милано каде вечерва играат против Аталанта. Тимот од Бергамо во Лига на шампиони игра на „Сан Сиро“, место каде вечерва се судрија хулигански групи.
На 25 август 1985 година Најк организира егзибициски натпревар во Трст (Италија). Најголемиот на сите времиња посакал да игра против Бразилецот Оскар Шмидт, светски рекордер по број на постигнати поени за клуб и репрезентација.
Денес меѓу навивачите секој си толкува како што му одговара, па така оние на чаирска Слога прославија јубилеј од 30 години од своето основање (веројатно кога првпат го виделе стадионот, затоа што јубилеј се слави кога првпат си започнал со организирано навивање а тоа подразбира сè што подразбира, не грицкање семки).
Роџер Федерер можеби не играше на новиот Дејвис Куп во Шпанија каде издоминира Надал, но затоа 38-годишниот Швајцарец сруши нов рекорд. Овојпат на егзибициски меч во Мексико го гледаа преку 40.000 луѓе што е апсолутен рекорд.
На последните 6 меча одиграа реми со Лече и едвај го тепаа СПАЛ. По 13 минати кола од вкупно 39 можни бодови освоија 14 и се на 12-та позиција со мизерни 12 постигнати гола. Полош Милан немало во последни 30 години. И згора на сè на еден час пред мечот со Наполи го прават ова:
Страста на јужноамериканските навивачи за фудбал не познава граници. Фламенго замина да игра финале на Копа Либертадорес во Перу, каде за противник го има Ривер Плејт, а сцениве изгледаат како веќе да ги пречекале и тоа не како јужноамерикански, туку како светски прваци.
Ако на 20 години е способен ова да го прави, што ли ќе биде со него на 30? Сезонава трае месец дена, а тој веќе има 7 трипл дабл учиноци. Зборуваме за дете кое не било родено кога го гледавме великанот Мајкл Џордан, а веќе почна да му стига некои рекорди и негови и на Леброн.
Конечно се случи и тоа. Просто е неверојатно, ама вистинито. Бен Симонс, лидерот на Филаделфија ја постигна својата прва тројка после ЦЕЛИ 172 натпревари (две ипол сезони) во НБА со се плејофот.
Иако имаа 9 од 9 во квалификациската група за ЕП 2020 и веќе немаа никакви мотиви за игра, сепак ги најдоа и решија да здробат сè до крај, односно да го завршат циклусот со 10 од 10. Не сме гледале волку моќна и ефикасна Италија до сега.
Италијанскиот селектор Роберто Манчини беше човекот кој ја направи потребната смена на генерација и тоа му донесе фантастичен резултат. Растурија во квалификациите и најавуваат поход на злато со фудбалери кои се полу-анонимни за светски рамки.
Ова со Најк не сме баш сигурни, а можеле да додадат дека тренерката во фармерки ја бута. Инаку има и некои кои се на лесни дроги, трети само на алкохол и да, има и средно кои не можат да завршат.