Во саботата во Мексико Сити, во арената „Плаза де Торос“ Федерер и Александар Зверев го одиграа третиот егизбициски меч од својата турнеја по Латинска Америка.
Роџер го победи Германецот 6-3, 4-6, 6-2, но она што е главна вест од настанот е соопштението на организаторите: дуелот го гледале 42.517 гледачи.
Ова е најголема посета во историјата на еден тениски натпревар.
Претходниот рекорд траеше дури девет ипол години. Тогаш Ким Клајстерс и Серена Вилијамс во 2010 година во Брисел ги гледаа 35.681 гледачи и тој меч влезе во Гинисовата книга на рекорди како најпосетен тениски натпревар.
А Федерер и Зверев играа на стадион кој собира двојно повеќе од најголемиот тениски стадион на планетава - Артур Еш на УС Опен (23.771 капацитет).
Присутните на мечот во Мексико Сити дури три пати би го наполниле централниот терен на Вимблдон, а дури пет пати теренот во Барселона. Картите за оваа егзибиција чинеле од 25 па до 500 американски долари.
Lo que provoca el smash de ‘Su Majestad’ 😎
— ESPN.com.mx (@ESPNmx) November 24, 2019
La gente sigue haciendo sentir a #FedererxESPN como en casa y así respondió el 🇨🇭 pic.twitter.com/fZB7ChUcwD
На „Плаза Торос“ арената првпат се монтирал терен за тенис а го местеле 300 луѓе и тоа половина месец. Стотина работници работеле во три смени и преку ден и доцна навечер. Процесот не бил нималку лесен затоа што се отстранувале материјали но на крајот се испаднало идеално.
Првиот меч во вторникот во Чиле заврши неславно затоа што во оваа земја беснеат жестоки социјални немири во кои досега загинале 23 лица а преку 2.000 се повредени во судири меѓу демонстрантите и полицијата. Поради тоа средбата ја поместиле за Буенос Аирес во средата.
Во сабота планираниот меч за Колумбија бил одложен поради исти причини како и во Чиле. Во Богота, каде требал да се игра егизбицискиот натпревар имало масовни протести против претседателот на земјата Иван Дуке.
Турнејата продолжи во неделата каде двајцата врвни тенисери играа во главниот град на Еквадор, Кито.
Интересно дури и пред мечот во Мексико Сити, Федерер објави дека има желба да постави светски рекорд во посетеност, па од таа причина и закажаната егзибиција за февруари следната година кога во Јужна Африка со Надал би требало да играат пред 55.000 луѓе на стадионот во Кејп Таун.
Планирано е Федерер на овој настан да игра и во дубл против основачот на Мајкрософт Бил Гејтс а Надал да игра заедно со најпознатиот комичар од Јужна Африка Тревор Ноа. Федерер за секој натпревар од турнејата добива по 2 милиони долари.
20-кратниот Гренд Слем шампион Федерер според договорот требал да заработи 10 милиони долари за вкупно 5 меча во Јужна Америка (Сантијаго, Буенос Аирес, Богота, Мексико, Кито), но поради одложените ревијални натпревари 38-годишниот Роџер веројатно ќе има ревидиран договор.
A Federer le piden una foto desde la grada y pasa esto:pic.twitter.com/lbAGGDm0s8
— Arancha Rodríguez (@AranchaMOBILE) November 22, 2019
Роџер и Саша, кои тениската публика често ги вика татко и син, имаа неколку интересни епизоди на теренот. Во еден момент од трибините некој се издра на цел глас „Те амо Роџер“ (Те сакам Роџер) после што Саша Зверев праша: „А мене“?
„Голема благодарност до сите кои дојдоа. За нас двајца ова значи многу и мислам и за тенисот исто. Ние денес во Мексико испишавме историја. Јас овде не сум бил 23 години и тоа ми е голема грешка. Можноста да играш пред оваа неверојатна публика е сон кој ми се оствари денес. Ме лазеа морници во текот на целиот натпревар. Ви благодарам за вашиот интерес, ние денес испишавме историја во тенисот. Тоа многу ми значи“, рече Федерер после мечот.
Последниот ревијален натпревар го одигра во неделата вечер на арената „Колизеа Руминјави“ во главниот град на Еквадор Кито. Овој стадион го адаптирале за 16.000 места.