Играле клубовите Стефанел Триесте и Снаидеро Казерта. Џордан бил специјален гостин на Стефанел и ја носел 23-та на грбот. Мајкл тогаш веќе бил глобално познат како ѕвезда на Чикаго Булс. На пријателската постигнал 30 поени.
Интересно, неколку дена пред Џордан да ја искрши цела табла во Трст, стотина километри појужно, во градчето Риети, Коби Брајант го прославил својот 7. роденден (23 август 1985).