Хан Карлос Хуртадо е за нас тотален анонимус, бидејќи е од Венецуела, роден 2000-та, а игра за аргентинскиот прволигаш Гимназија. Малиот изведе нешто невидено до сега, а противникот џабе се реши на борење. Прво појма немаше каде е топката, а Хуртадо барем успеа да ја подаде на свој човек.
Поттикнат од големиот португалски талент, читател ни испрати фантастично видео од син му, ама со поплаки за тоа како е третиран во клубот за кој гази. За жал поинаку и не очекувавме во оваа тажна Македонија. Ајакс таквите ги држи и ги негува, а ние ги бркаме.
Внимавајте ова, има само 19 години, а веќе трета сезона игра за првиот тим на Ајакс каде е од предшколска возраст. Згора на сè доверена му е и капитенската лента која никој друг не ја носел толку млад во нокаут фазата од ЛШ. Детево одигра перфектен меч против Јувентус на кој му даде и гол за елиминација.
Екстра талентот на Бенфика, Жоао Феликс кој збрца три комада во ЛЕ има само 19 години, возраст на која некои уште собираат топки зад гол. Но во таа улога се наоѓа неговиот помал брат Хуго со кој Жоао заедно викендов прослави гол и му го исполни срцето. Плус уште пола тим влета кај малиот. Многу убава сцена.
19-годишниот Жоао Феликс е главна ѕвезда на четвртфиналето во Лига Европа. Просто сам го совлада Ајнтрахт (4:2) со три гола и асистенција за 53 минути игра.
Откако видел за каков талент станува збор, гигантот за спортска опрема решил да го „капариса“ малиот Јусуфа Мукоко кој постигнал 106 гола на 67 меча за младинците на Дортмунд.
Седум сезони – 16 титули со ПСЖ. Во прв состав можеше да го нема Ибрахимовиќ или Силва, ама никако Матуиди, еден од оние играчи кои вредат злато. Се води како фудбалер од среден ред, а го има секаде.
Финалето на шпанскиот Куп 2014 ќе се памети по акцијата на Герет Бејл кој му измеша памет на Марк Бартра од Барселона и во 85’ минута даде прекрасен гол после неверојатен трк. Исто такво направил и Гуркан Варлик, играч на Бешикташ U-17 а во улога на Бартра било бекче на Ризеспор.
Федерико Македа е лик за кој просто мора да се сними добар документарец. Дечкото стаса во Манчестер Јунајтед во 2007 година од школата на Лацио и одигра 14 средби. Во 2009-та имаше нестварно деби за клубот од „Олд Трафорд“.
Строго католичко воспитание, голема посветеност кон религијата, тренинзи во предградието и радост кога му направиле екскурзија во базата на клубот во кој се вљубил на прв поглед. Ова е сторијата за Мојзе Кен.
Ако Јувентус случајно има недостаток на талентирани голмани во младинската академија, тогаш нека внимаваат на син му на Миралем Пјаниќ. Секое дете не го прави ова или поточно ретко кое го прави. И после мама миа, е мама миа.
Во 29 коло од Ла Лига на мечот Реал Мадрид - Уеска имаше големо изненадување откако на теренот се најде 20-годишниот Лука Зидан, син на тренерот на домашниот тим.
После толку многу битки, мегдани, трофеи и титули, речиси ретко кој да го памети првиот меѓусебен дуел меѓу двајцата сигурно најголеми тенисери во историјата.
Страстите по градското дерби Барселона - Еспањол уште не се стишија. Лионел Меси речиси никогаш не бара дрес, но од него бара секој жив на теренот. По саботното дерби поради тоа навивачите на Еспањол му се сипаа на едно од своите деца.
Македонската фудбалска репрезентација успешно ги мина воведните два меча од квалификациите за ЕП 2020. Оваа селекција заедно со селекторот и стручниот штаб знае како да се мотивира и на тренинг и пред и после натпревар. Гестови кои ја одржуваат репрезентацијата во живот.
По триумфот над Летонија од 3:1, грмеше соблекувалната на македонската фудбалска репрезентација, а меѓу бандата на Мрме беше и малиот Јане кој ги диригираше скандирањата. Убава вечер со голем јубилеј на Пандев и мајсторски лоб на Елмас.
За тие што не паметат, Еден Азар пред да пристигне на Стемфорд Бриџ за 32 милиони фунти, играше за Лил (2007-2012). Една вечер им доаѓа на гости Лион владетел во тоа време во Франција со 7 титули по ред. Малиот Азар одигра перфектен натпревар за паметење со гол и две асистенции, а тоа значи 3:2 за Лил.
Големото градско дерби завршува 0-0, тренерот на Ливерпул Клоп тргнува кон соблекувалната, кога едно дете почнува иронично да му аплаудира во лице. Германецот сфати дека малиот го зафркава па тргна накај него по објаснување.
Кога сте виделе последен пат тренер во Премиер лига да прави измена, а играчот да нејќе да му излезе? Па ние не паметиме вакво нешто, а се случи на синоќешното финале од Лига Купот меѓу Челси и Сити. Во маало не проаѓа ова.
На тие блесави години, најголемиот дел играчи сигурно ќе ја купат најбесната кола која им доаѓа на памет, ама дете од Манчестер Јунајтед покажа многу сенс и благодарност кон тие што му ја дале шансата после од каде си го трасираше патот.
Бафетимби Гомис, некогашниот шпиц на Лион и Галатасарај, сега игра во Саудиска Арабија. Таму дава голови ама ги слави со истата прослава како дива мачка. Синоќа постигна гол и го исплаши детето што собира топки со неговата необична прослава. По натпреварот му го подарил дресот на малиот и колку толку го смирил.
По очајните игри, случајот со Икарди како да ги подразбуди фудбалерите на Интер кои газат во Европа. Сари попушти под притисок и му даде шанса на малиот Хадсон-Одои кој му врати со убав гол против Малме.