Бафетимби Гомис, некогашниот шпиц на Лион и Галатасарај, сега игра во Саудиска Арабија. Таму дава голови ама ги слави со истата прослава како дива мачка. Синоќа постигна гол и го исплаши детето што собира топки со неговата необична прослава. По натпреварот му го подарил дресот на малиот и колку толку го смирил.