Таг: ал хилал

Арапски навивач пуштен на најјако, од трибина со каиш удираше соиграч на Бензема

Нестварни сцени ни доаѓаат од Саудиска Арабија која после овој клип уште повеќе ќе си го засили угледот во светскиот фудбал. Дајте им го на нив следниот Мундијал, нека се вика World Cup 1850 година.

Голеада меѓу Ал Хилал и Интер Мајами, деби гол на Суарез

Ал Хилал славеше против Интер Мајами со 4:3 на пријателски меч кој беше решен во 88 минута со голот на Малком. Резултатот отвори Митровиќ, а меѓу стрелците за американскиот тим беа Меси и Суарез.

Кога шеикот ќе ти каже дека ќе игра кешот за победата над Ал Наср и Роналдо

Ал Хилал каде се здружија Митровиќ, Милинковиќ, Нејмар, Кулибали и Рубен Невес се лидери на табела пред второпласираниот Ал Наср, кого го декласираа со 3:0. Шеикот им влегол во соблекувална за да ги извести дека ќе има парични награди за одличната партија.

Атракција на Бензема со петица, одговор на Митровиќ со страшен волеј и хет-трик

Ал Итихад на Бензема, Канте и Фабињо и Ал Хилал каде се Митровиќ, Милинковиќ и Кулибали, одиграа спектакуларен меч со 7 гола и голем пресврт.

Почна да работи машината Митрогол во Саудиска Арабија

Рекордерот со 43 гола на 44 средби во Чемпионшип за Фулам и едно од најновите засилувања кај Арапите, го бележи својот деби гол за Ал Хилал кој славеше 0:4 против Ал Раед. Српскиот репрезентативец стрелаше во свој стил.

Уште приватен стриптиз бар фали во понудата на Арапите за Нејмар

Реномираниот Лекип објави детали од тоа што Ал Хилал го спремил како договор за бразилската ѕвезда. Е ја претераа.

Делегацијата на Ал Хилал попи корпа во Париз

Агресивната навала на Арапите со купување фудбалски ѕвезди од Европа со многу пари, не може да упали секаде. Безобразниот обид со Мбапе им пропадна.

Арапите од промоцијата на ѕвездите прават фешта како на Олимпијада

Ал Хилал ги претстави тренерот Хорхе Жезуз, како и големите засилувања Сергеј Милинковиќ Савиќ, Кулибали и Рубен Невес на спектакуларен начин. Шоу прават од настанот. Останува да видиме колку ќе им пркне квалитетот на фудбалот. Сергеј веќе постигна и деби гол.

Како со еден потег да смириш тензија

Најдобро знае Бафетимби Гомис, некогашниот шпиц на Лион, Галатасарај, Свонси, Марсеј и Сент Етјен. Сега игра во Саудиска Арабија, за лидерот на табелата Ал Хилал. На 34 меча има 24 гола и 6 асистенции.

Гомис смени ја прославата, почна деца да плашиш

Бафетимби Гомис, некогашниот шпиц на Лион и Галатасарај, сега игра во Саудиска Арабија. Таму дава голови ама ги слави со истата прослава како дива мачка. Синоќа постигна гол и го исплаши детето што собира топки со неговата необична прослава. По натпреварот му го подарил дресот на малиот и колку толку го смирил.

За ова свирна пенал?

На дуелот меѓу Ал Ахли и Ал Хилал во Саудиска Арабија, бекот Салмин Камис нормално ја градеше топката додека таа не излезе во гол-аут. Следуваше судиска одлука која го запрепасти цел стадион, а на крајот правдата дојде на свое место.

А сакаа само да помогнат

Циркузов е од африканската Лига на шампиони на мечот меѓу Монгреб од Тунис и Ал Хилал Омдурман од Судан, а дечкиве што се задолжени да го однесат повредениот играч надвор од терен за да му се укаже лекарска помош излегоа најголеми виновници за ситуацијава.