Арапското дерби мина во знакот на Александар Митровиќ кој со хет-трик ги урна домаќините кои имаа солидна предност за да одат на 3 бода.
Со головите на Ромарињо, Бензема и Хамдалах, Ал Итихад на полувреме водеше 3:1.
Но по прекрасниот гол во првиот дел на Митровиќ, следуваа два нови погодоци на Србинот во второто полувреме за израмнување на резултатот.
Голот за целосен пресврт и победа на гостинскиот тим од 3:4 го постигна Салем Алдавсари, на асистенција на Милинковиќ Савиќ кој му ја намести со глава.
Одиме по ред.