Таг: ал итихад

Муса Диаби во стилот на Јамал уште во 27 секунда

Ал Итихад го совлада Ал Шабаб на гости со 2:3. Меѓу стрелците го немаше Бензема, но затоа гол шоу приреди Муса Диаби. Поранешниот фудбалер на ПСЖ, Баер и Астон Вила, се отвори со два прекрасни гола. За првиот ја распали душмански по само 27 секунди игра, а потоа многу умешно го измами голманот.

Генијален корнер на Ал Итихад, Бензема прсна од смеење

Уште ваков корнер немавме видено. Што намера имаше братов? Резултат да не чуваше? Па 3:0 имаа во 95-та минута. Тројка да не шутне противникот? И Карим Бензема му се смееше на својот колега.

Арапски навивач пуштен на најјако, од трибина со каиш удираше соиграч на Бензема

Нестварни сцени ни доаѓаат од Саудиска Арабија која после овој клип уште повеќе ќе си го засили угледот во светскиот фудбал. Дајте им го на нив следниот Мундијал, нека се вика World Cup 1850 година.

Атракција на Бензема со петица, одговор на Митровиќ со страшен волеј и хет-трик

Ал Итихад на Бензема, Канте и Фабињо и Ал Хилал каде се Митровиќ, Милинковиќ и Кулибали, одиграа спектакуларен меч со 7 гола и голем пресврт.

Деби гол и на Бензема, ама сите зборуваат за мајсторијата на неговиот соиграч

По Александар Митровиќ и Карим Бензема ја начна мрежата во домашното првенство во Саудиска Арабија. Ал Итихад исто како и Ал Хилал славеше 0:4 на гости. Францускиот напаѓач го отвори резултатот, а публиката ја воодушеви Абдеразак Хамдалах со фантастична реакција во шеснаесетник.