Мега триото на ПСЖ составено од Меси - Мбапе - Нејмар полека оди во историјата. Првиот замина во Мајами, вториот е во војна со клубот, а третиот е на излезна врата.
Ал Хилал кој во своите редови ги има Милинковиќ Савиќ, Кулибали, Рубен Невеш и Малком, наскоро изгледа ќе го добие и Нејмар.
Францускиот магазин Лекип го објави договорот на Ал Хилал кој веројатно ќе биде неодолив за капитенот на Бразил.
320 милиони евра за две години или 160 милиони по сезона за Нејмар плус 100 милиони евра во касата на ПСЖ. Да е само тоа.
За секоја победа на Ал Хилал, Нејмар би добивал по 80.000 евра бонус, а за секоја објава на социјалните мрежи уште 500.000 евра.
Во деталите стои дека ќе има и голема вила со персонал и приватен авион на располагање.
Ако падне договор, Нејмар за кого ПСЖ во 2017-та плати рекордни 222 милиони евра, ќе стане втор најплатен играч во историјата после Роналдо кој се договори за 500 милиони евра за две и пол сезони.
Neymar to Al Hilal, here we go! 🚨🔵🇸🇦
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) August 14, 2023
After new huge bid revealed two days ago, documents are now approved by all parties involved.
Ney will travel to Saudi this week.
Two year contract.
Number 🔟.
PSG set to receive bit less than €100m fee.
Medical to be completed today. pic.twitter.com/R6zR5glroe
Нејмар за ПСЖ одигра 186 натпревари, постигна 105 голови и оствари 76 асистенции.
Но исто така пропушти над 100 меча и беше критикуван поради рекордниот број на повреди, како и начинот на живот. Во просек има по 19 прволигашки натпревари во сезона.
Ал Хилал цели упорно и на Александар Митровиќ од Фулам, кој исто така можно е да и се придружи на таа славна дружина.