
Диого Дало е за сега непознат фудбалер во пошироки рамки бидејќи е млад и сезонава ја игра првата сезона во Манчестер Јунајтед за кој има 8 настапи во Премиер лигата.
Многумина сметаат дека му престои светла иднина, па затоа веројатно Јунајтед се реши да го плати 19 милиони фунти и да му даде пет годишен договор.
Како ќе му оди на детево ќе видиме, но она што е сигурно е дека се работи за пример и пол за сите милионери меѓу играчите. Диого не ги заборава своите корени и знаеше ли што купил од прва плата во Манчестер?
Автобус кој го донирал во школата каде што почнал да игра фудбал. Каков гест на малиот кој го открива Луис Травасос, координаторот на школата кој признава дека такво нешто тие не можеле да си дозволат.
„Добивме покана од страна на неговите родители, фантастични луѓе кои придонесоа за неговиот успех. Мислевме дека ќе не чека потпишан дрес од Манчестер Јунајтед, а освен тоа не чекаше и нешто плус. Зборувавме со Диого на Скајп и ни рече дека се наоѓа во автобус со тимот кој патува на натпревар. Потоа ни рече ај сега излезете надвор и што ќе видиме, нов брендиран автобус.
Тоа беше шок, не го очекувавме. Сето тоа го организирал тајно и го направил од првата плата во Манчестер. Неверојатно. Ние имавме автобус, ама беше стар. Овој сега ги исполнува законските барања за превоз на деца до 14 години: Прозорците се отвораат до пола, задната врата се отвора само со помош на возачот. Токму вакво нешто ни требаше, а немавме пари за да си го дозволиме.
Вакво нешто да направи тој не нè изненадува бидејќи отсекогаш покажувал големо чувство за солидарност, како и чувство за помош и загриженост за другите“, објаснува координаторот на школата.
Диого Дало сезонава дебитираше во Лига на шампиони на 19 септември против Јанг Бојс. Со вакви потези сигурно дека ќе и стане миленик на секоја публика, не само на онаа на Олд Трафорд.