Ракометарите на Вардар потешко од очекувањата ја оправдаа фаворитската улога против шведскиот првак кој ги изнамачи нашите ракометари во 12. коло од Лигата на шампионите.
Еден од ретките на кого му сметале силните милански светла и кој го презирал фудбалот затоа што се чувствувал како роб. Слободата ја нашол во сурфањето на бранови, уживал да спие по плажи во Бразил.
Вечерва се играат првите натпревари од Лига Европа, а изненадувањето на вечерта се случи во Данска, каде Манчестер Јунајтед загуби 2:1 од Митјиланд, екипа која игра првпат од декември.
Кинезите решија да се отворат на спортски план, така што 50 милиони евра за трансфер им се како добар ден. Сепак, некои луѓе покажаа дека парите не им се пресудни во моментов.
Италијанските медиуми ги извадија најважните податоци од 30-годишното владеење на Берлускони со Милан, кој неколку сезони не наликува на екипата која царуваше со Европа.
По мечот Фенербахче - Локомотива Москва, фудбалерот на гостите Дмитри Тарасов се прошета со маица на која беше ликот на Владимир Путин. УЕФА му спрема казна од 10 меча, а во Русија не спласнува полемиката.
Уште епизода од нокаут фазата во Лигата на шампионите која е од поновата историја. Ливерпул повторно е во главна улога, а од другата страна е Реал Мадрид кој го доживеа еден од најтешките порази во елитното натпреварување.
Шестмина во У-21, петмина во У-20 и У-19, 6 во У-18, 10 фудбалери во У-17: повеќе од половина репрезентативци на Франција доаѓаат од Париз, каде Ред Стар работи најдобро со локалните таленти и сонува промоција во Лига 1.
„Инвестирав една милијарда и 200 илјади евра и освоивме повеќе од сите. Најубавиот ден за мене беше победата против Стеауа 4:0 кога целиот народ кој навива за Милан ја освои Лигата на шампионите. За 5 години очекувам да стигнеме до 10 финалиња во ЛШ“.
Кога едно неделно утро пиел кафе и отворил да чита весник, на светски познатиот кошаркарски агент му паднало во око името на некое дете кое давало по 30 коша во јуниорските категории. Решил да го ангажира, а денес малиот игра во НБА.
Ракометарките на македонскиот шампион вечерва во Романија го совладаа тимот на Букурешт со 30:25 и го обезбедија третото место во главната фаза кое носи извесно полесен противник во четвртфиналето.
На натпреварот меѓу Витезе и Херенвен во холандското првенство викендов присуствуваа 15.234 гледачи, а само двајца од нив добија шанса да го гледаат лежеечки. Од клубот решија за Валентајн да организираат натпреварување на кое првонаградените ќе легнат во брачен кревет кај корнер знаменцето и со ружи и вино ќе гледаат фудбал. Нивниот тим победи 3:0.
Во период од четири месеци Јувентус врза 15 победи по ред, што е втора најдобра серија во историјата на италијанското првенство, по онаа на Интер со Манчини од 17. Ниту една екипа во Серија А до сега не била лидер на табела по -11 од првиот.
Откако го гризна Киелини на Светското во Бразил, ФИФА на 4 месеци го отстрани Суарез од фудбалот и тој пропушти 9 меча. Суспензијата сега му заврши и наскоро ќе игра за својата земја.
Трејси МекГрејди беше суперѕвезда во НБА во раните '2000-ти кога даваше по 25-30 поени во просек за Орландо Меџик и Хјустон Рокетс. Викендов 36-годишниот Ти-Мек се појави на Ол-Стар мечот Селебрити и ја покажа разликата на младоста и староста.
Саботниот тикет на Мирјана не излезе поради Борусија Дортмунд и Глазгов Ренџерс. Одиме со шест нејзини предлози за денеска кои со 100 денари уплата носат 2.000.
Хофенхајм се бори за опстанок. Во таква ситуација, секој клуб за тренер би поставил испробана и проверена опција, а последно би се потпрел на тренер од своите младински категории. Но, Германците генерално размислуваат поинаку.
На местото на искусниот Хуб Стевенс, тимот на Хофенхајм ќе го води 28-годишниот Јулиан Нагелсман кој станува најмлад тренер во историјата на германскиот клупски фудбал.
Ракометарите на Вардар загубија на гостувањето во Германија против лидерот на Бундеслигата Рајн-Некар со 28:27 и првпат после четири меча против овој противник со спуштени глави го напуштија паркетот.
Во Палермо настана каша попара со тренерите и оваа сезона, а најновата улога на тренер во заминување е легендарниот играч на Бока Јуниорс. Тој беше тренер на 5 меча, но не смееше да го води клубот. Само со Ѕампарини се вака комплицирани работите.
По фамата која што се крена околу евентуалното доаѓање на Русинот Андреј Аршавин во Вардар, се обидовме да видиме кои други играчи немаат работа во моментов а би можеле да тргнат на пат кон источна Европа, па и западен Балкан.