На местото каде некогаш имало земјен терен со камења каде трпеле зглобовите на Анри и Евра, денес има два терени со синтетичка (вештачка) трева.
Целата работа се сменила пред три години во Ле Ули (Les Ulis), 31 километар југо-западно од Париз каде се наоѓа срцето на периферискиот фудбал каде се откриваат таленти како никаде во Европа. Таму се откри талентот Ентони Марсиал, кој минатото лето од Монако во Манчестер Јунајтед премина за 80 милиони евра, на 19 години.
Но речиси секој крај, секое маало во Париз би можело да ви раскаже слична сторија поврзана со фудбалот. На пример во Роиси-ен-Брие се зборува за Погба ѕвездата на Јувентус, во Бретињи-сур-Орж за Жереми Менез од Милан, во Чите дес 3000 за Оливие Дакур и Емануел Пети.
Тука е и мултиетничкиот Ред Стар, клуб од Лига 2 втората француска лига кој се наоѓа во регионот Вил Лумиер кој ги дои младите таленти од цел Париз без разлика на верската, етничката и националната припадност. Ги обединува само фудбалот и ништо друго. Од главниот град на Франција доаѓаат повеќе од половина репрезентативци на Триколорите.
Фудбалскиот клуб Гринтал Омниспорт Лес Улис е приказна за себе. Бело-синиот дрес го носеле десетина професионалци меѓу кои поранешниот играч на Арсенал, Саного, како и Патрис Евра. Овој клуб се наоѓа во населба со 22.000 жители, а главната цел му е да ги тргне младите од проблемите на улицата.
„Во времето на Анри, фудбалот се играше чисто од љубов. Денес се инвестира многу, а родителите веќе ги гледаат децата како ѕвезди. Клубот има околу 820 играчи“, вели Мамаду Ниаките’, другар на Патрис Евра од детстото а сега тренер во Гринтал.
Во Ус Роиси, на 30 километри источно од Париз фудбалски растеле Погба и Исминат Мирин, феноменот на ПСВ Ајндховен.
„Се гледаше дека Пол е најдобар од сите“, раскажва за Газета дело Спорт, Самбу Тати првиот тренер на Пог кој го открил талентот на Пол во еден мал париски крај. Во истата фудбалска школа оделе и Бенатија, Брианд, Барада.
Одлично работи и Ноу Камп, не од Барселона туку од Чите’ дес 3000, населба на 25 километри од Париз. Тука прием на топка и жонглирање за првпат учеле Алу Диара, Сисоко, Дакур, Сањол. Богатиот ПСЖ со години ги игнорира талентите кои го опкружуваат, но не и Ред Стар, клубот кој се бори за влез во Лига 1.
Ред Стар е омилен тим на претседателот на Франција, Олан кој одвреме навреме доаѓал да гледа фудбал на стадиончето на овој клуб кој на Франција ѝ дал повеќе играчи од сите други тимови.