Прва асоцијација на Париз кога се зборува за фудбал секако е Пари Сен Жермен. За навивачите на постариот париски клуб Ред Стар, ова е историска неправда која веруваат дека наскоро ќе ја исправат.
Шестмина во У-21, петмина во У-20 и У-19, 6 во У-18, 10 фудбалери во У-17: повеќе од половина репрезентативци на Франција доаѓаат од Париз, каде Ред Стар работи најдобро со локалните таленти и сонува промоција во Лига 1.