Првото коло од топ 16 фазата во Лигата на шампионите во сезоната 2008/2009 донесе супер интересни двојки како Челси – Јувентус, Интер – Манчестер Јунајтед и Арсенал – Рома, а меѓу најнеизвесните требаше да биде и онаа меѓу Ливерпул и Реал Мадрид.
Бенитез во состав ги имаше Реина, Џерард, Торес, Чави Алонсо, Кајт, Маскерано, Карагер, а Хуандо Рамос располагаше со Раул, Канаваро, Снајдер, Роберн, Игуаин, Гути, Ван дер Варт.
Реал на Енфилд Роуд отпатува со тешка мисија да влезе во четвртфинале бидејќи дома загуби 1:0, со гол на 8 минути до крајот, а стрелец беше Бенајун.
Работите на реваншот им станаа уште потешки во 16 минута кога резултатот го отвори Фернандо Торес. Елиминацијата ја најави Џерард во 28 минута кој веќе во 47 минута зголеми на 3:0.
Икер Касиљас беше немоќен и по четврти пат кога во 88 минута дебаклот им го нанесе Досена за конечни 4:0 и елиминација со вкупни 5:0. Во четвртфинале Ливерпул беше елиминиран од Челси со вкупни 7:5.
Гол шоуто на Ливерпул, а во позадина “You’ll never walk alone”.
Вчера пишувавме за мистериозниот гол меѓу Ливерпул и Челси.