Тоа сигурно не важи за навивачите на Ливерпул и Челси кои ќе ги навратиме 11 години наназад. Сините ќе пцујат кога ќе се присетат на овој контроверзен момент, а Црвените само ќе се навратат на слатките спомени.
На 3 мај, на Енфилд Роуд се играше реванш полуфиналниот дуел од Лига на шампиони меѓу Ливерпул (Рафа Бенитез) и Челси (Жозе Мурињо), само еден месец пред лудото финале во Истанбул на кое најмногу не сакаат да се потсетуваат навивачите на Милан.
Првите 90 минути беа тотално неизвесни на Стемфорд Бриџ и завршија 0:0, а со истиот резултат беше и на вторите се до 94 минута кога настана драма пред голот на Челси. Чех интервенираше пред Милан Барош, а потоа на топката налета Луис Гарсија која ја шутна накај гол.
Вилијам Галас пружи нога и не дозволи топката да ја допре мрежата. Фудбалерите на Челси беа убедени дека топката не ја минала гол линијата, но словачкиот судија Мишел Лубош покажа на центар, а Енфилд се тресеше. Ливерпул стана финалист со гол во последната минута од продолженијата.
Ниту една камера не го улови спорниот момент од агол од каде што може убаво да се види, а тогаш уште немаше ниту судии покрај голот, ниту гол технологија која експресно би го расчистила контроверзниот момент.
По мечот се подигна огромна прашина во Англија дали е голот регуларен или не, а медиумите правеа и реконструкции од акцијата.