Од бајката Лестер сè уште не се исцрпени сите приказни околу тоа кој на колку се кладел и колку фатил. Ова што ќе го прочитате сега е џек пот кој повеќе личи на лото ливче отколку на уплатен тикет во кладилница, а среќникот не е Англичанец.
По завршувањето на Ф8 фазата познати се двојките кои се пласираа на „Фајнал 4" турнирот во Телеком Бизнис Лигата на Македонија, преку кои ќе се одреди носителот на шампионската титула за сезоната 2015/2016.
Тимот на Јирген Клоп го збриша Виљареал со 3:0 за пласман во нивното четвртфинале во Лигата на Европа. Силите ќе ги одмерат со бранителот на титулата кој го држи тронот две години по ред и кој ќе се бори за петти пехар во ова натпреварување.
Целата операција се случува во предградие на мал кинески град (што е денешната верзија на преку 7 планини, 7 мориња...) и годишно успева да "ископа" околу 8 милиони долари во биткоин. Бидејќи сето ова ниту е легално, ниту е нелегално, комплетниот проект се држи во тајност.
Раководните луѓе од Реал и Атлетико отпатувале во Милано каде ќе се договараат со организаторот и домаќинот околу финалето на ЛШ. Картите движат од 70 па до 440 евра во зависност од зоната.
Роман Остриаков е 30-годишниот Украинец што едвај преживува во Италија кој ненамерно е на пат кон меѓународна слава, откако апелациониот суд во Џенова ја поништи неговата казна за кражба на кашкавал и сувомеснато во вредност од 4,07 евра. Судот одлучи дека храната била земена "заради итна и витална потреба од исхрана."
Ракометарите на Вардар дрско му се заканија на унгарскиот гигант и се обидоа да испишат историја, но играта и резултатот во првите 30 минути не беа доволни за сензација и пласман во фајнлфор. Македонскиот шампион имаше +4 на паузата, но на крајот ремизираше.
Екипата на Кротоне влезе во историјата, откако првпат во своето постоење обезбеди пласман во Серија А за следната сезона. На три кола пред крајот, со ремито во Модена прославија неверојатен успех.
На неколку кола до крајот на сезоната во националните првенства, имаме нов тикет од Мирјана со кој ќе се обидеме да го разбиеме малерот кој ни трае од јануари.
Прирачник во кој славниот американски поет се занимава со сè поврзано со машкоста, од потенција до „грижа за стапалата", е откриен неодамна, 150 години по неговото прво објавување под псевдоним.
Има зошто Диего Симеоне го почитуваат и го обожуваат навивачите на овие две италијански екипи кои сигурно во огромна бројка би го пречекале на аеродром доколку им стане тренер. За Интер беше играч (1997-1999 и освои Куп на УЕФА), а за Лацио (1999-2003 и освои Скудето, Куп, Супер на Италија и Супер Куп на Европа). Два моменти по кои го паметат.
Дали имал ставка во договорот дека не може да патува дома за пријателски и наводно поради тоа не игра за репрезентација не нè интересира. Едноставно Марио Ѓуровски мора повторно да го видиме во националниот дрес. Во новиот триумф Бангкок Јунајтед кој славеше 3:0 против БЕЦ Теро, нашиот повторно беше двоен стрелец, а вториот гол му е боли глава.
По грандиозниот гол против Баерн во првиот полуфинален меч од ЛШ синоќа, 21-годишниот играч од средината на Атлетико ја заинтересира јавноста за неговите почетоци.
Уште на почетокот на кампањата Берни Сандерс ја знаеше слабата страна на својата изборна математика. "Ако не излезат работниците и сите оние кои живеат од својот труд, ништо не сме направиле," велеше тој будејќи ги надежите дека суштинска промена е можна. Веројатно е можна е, но не овојпат.
Го имавме Двејн Џонсон и неговата исхрана (тука), па го имавме обичниот смртник што проба да се храни како Двејн Џонсон (тука). Сега, на барање на публиката (неговата), Хафтор Бјорнсон на Фејсбук ја објави својата дневна исхрана.
Работите тргнаа разочарувачки за екипа која ја брани титулата. Буфон почна изјави дека можеме и треба да направиме повеќе. До 28 октомври само 12 освоени бодови од можни 30, а потоа 73 од вкупно 75. Искачувањето на табелата одеше вака.
Со ваков наслов денеска излезе Кориере дело Спорт по голот на Наинголан во 89 минута со кој Рома го совлада Наполи и “го промовираше“ Јувентус во шампион на Италија. По пауза од 81 година, Старата дама врзува 5 Скудета по ред.
Ако некој пред стартот на оваа фудбалска сезона ве прашаше кој е Ријад Марез, сигурно ќе креневте раменици. Епа викендов е прогласен за најдобар играч во Премиер лигата и има 17 постигна гола, 10 повеќе од Руни.
Откако минатата недела се пласираше во третата лига Серија Ц и повторно ќе игра професионален фудбал после банкротот, Парма нè наврати на некои поубави времиња кога овој клуб доминираше во Европа.
По 30 години изучување на економската вредност на шумите, советот на научникот од Шумската служба на САД, Давид Новак, е: "Ако можеш да посадиш само едно дрво, посади го во град."