Среќен роденден Симеоне од Интер и Лацио

Има зошто Диего Симеоне го почитуваат и го обожуваат навивачите на овие две италијански екипи кои сигурно во огромна бројка би го пречекале на аеродром доколку им стане тренер. За Интер беше играч (1997-1999 и освои Куп на УЕФА), а за Лацио (1999-2003 и освои Скудето, Куп, Супер на Италија и Супер Куп на Европа). Два моменти по кои го паметат.

22 март 1998. Интер го доби градското дерби 3:0, а Чоло постигна два гола на кои се тресеше Сан Сиро.

1 април 2000. Лацио му гостува на Јуве и доколку загуби ќе биде на -9 и ќе се прости од Скудетото Но тука е Диего Пабло Симеоне кој на асистенција на Верон дава гол за -3 бода во трката за титулата која потоа ќе ја освојат.

Темпераментот и талентот од терен ги пренесе во Атлетико Мадрид како тренер и освои:

- Ла Лига (2013/2014)
- Копа дел Реј (2012/2013)
- Супер Куп на Шпанија (2014)
- Лига Европа (2011/2012)
- Супер Куп на УЕФА (2012) 

28 април 2016 - 13:41