Паулињо кој од Барса отиде во Кина, прави дар-мар во Гвангжу Евергранде, лидерот во тамошната лига кој е главен фаворит за титулата. На последниот меч против Пекинг Ренхе ај што даде два гола во триумфот од 3:0, него и го попари со бразилски дриблинзи.
Не би било ништо чудно доколку најдобриот бразилски фудбалер во моментов кариерата ја финишира како и неговиот славен претходник од Барселона, Роналдињо, кој во еден момент банкротираше поради постојани луди забави. Нејмар е тргнат по тој пат да го батали фудбалот.
УЕФА го означи за отворено гласањето за најубав гол на сезоната 2018/2019. Ќе може да се бира најдобар погодок до 9 август кога се затвора гласањето и ќе биде избран бројот 1.
На 31 август во Кина стартува Светското кошаркарско првенство, но никаков Дрим-тим од Америка на кој сме навикнати нема да гледаме. Причините се разни а една е и конспиративна и поврзана со претседателот на САД.
Аналитичкиот веб сајт Hopper ги изучил Инстаграм профилите на познати луѓе од разни области (спорт, лајфстајл, фитнес, патешествија, убавина, исхрана итн) и пресметале колку чини рекламен пост на тие акаунти.
Иако веќе неколку години се во или околу клубот, со кратки авантури во Париз и Лондон, Џиџи Буфон и Гонзало Игуаин мораа заедно со новите засилувања на Јувентус да отпеат песна - ритуал на иницијација во сите големи клубови.
Додека трае паузата во НБА, Шек се лади на најубавите плажи на континентот, на Сардинија каде навечер пушта музика во рамки на неговата ди-џеј турнеја. Псевдонимот му е DJ DIESEL и хара по Европа. Следна му е Хрватска.
Иднината на Бејл е под прашање: Велшанецот не сака да си оди, Реал е спремен да го продаде за 80 милиони евра, но на Бернабеу не стигнала никаква понуда до сега. Зидан има нешто против Бејл.
Најдобриот светски тенисер, откако го крена вредниот пехар на Вимблдон, решил да одмори на Корчула во Хратска каде во еден ресторан го запеал и Оливер Драгоевиќ.
Голот познат како шкорпион го усоврши и прослави најдобриот шведски фудбалер на сите времиња, Златан Ибрахимовиќ. Уште во раната младост во шведски Малме давал такви голови, а и подоцна за европските гиганти. Сега во Малме за шкорпион е задолжен Андерс Кристиансен кој така ја погоди мрежата против Сириус.
Режисерот на оваа документарка цели 10 години собирал видео-материјали од сите страни на светот. Правел сложувалка која на крајот даде еден преубав филм со тажен крај. Диегито може да се доживее најдобро преку овој документарец.
За оние кои не слушнале за него, Себастијан Абреу од Уругвај е ветеран, поранешен центарфор на преку 30 клуба во разни страни од светот и репрезентативец на оваа јужно-американска земја.
Ова би прошло можеби во некоја друга земја, особено во нашиве краишта, ама во Англија регулативите на ФА се толку строги, што дресовите уште не доставени, ќе мора да ги враќаат назад. Назад!
Толку многу сакал да ја гледа својата репрезентација на Африканскиот Куп на нации, што морал да помине преку 10 земји, за да стигне до крајната дестинација - Каиро, Египет каде добил карти за финалето поради неговиот јуначки подвиг.
Се потеше 5 часа за да го освои најпрестижниот тениски турнир во светот, ама кога ќе видите каде ќе се рехабилитира од тој страшен напор и стрес, ќе мислите за Доналд Трамп се работи.
Откако изгубија рекордно високо 64:0 од Унгарија, корејските ватерполистки денес играа против Русија. Изгубија 30:1, а историскиот гол кој го дадоа го прославија како да е шампионски.
Пред дваесет и седум години, на 22 јули 1992 година, како загревање за Олимписките игри во Барселона, најјакиот дрим-тим на сите времиња решава да одигра средба пет на пет.
На Светското првенство во водни спортови 2019 кое се одржува во корејски Кванџу, унгарските ватерполистки поставија рекорд кој тешко некој да го урне во догледно време. Шеесет и четири пати ја погодија мрежата на Јужнокорејките кои склопиле екипа на еден месец пред Купот.
За некои ова е најјакиот натпревар во историјата на тенисот меѓу две легенди кои пак сметаат дека го створија најголемото тениско ривалство евр. Ова нивното беше неповторлива битка и единствена по многу основи.
Купот на Африка (пандан на Европско првенство) не е само чудни стадиони и специфичен фудбал, туку и необични навивачи какви што никогаш нема да сретнете на Европско или во Лига на шампиони.
Теренот е како на американски фудбал, начинот на игра како кошарка без тапкање, се размислува како за европски фудбал, движењата се ракометни, одбраната е како на одбојка, а положбата на телото при фрлање како на тенис. Гледајте, читајте, научeте па и пробајте.
Здружени, хулиганите на полска Краковија и Ајакс против навивачи на Левски Софија во Братислава. Бугарскиот клуб денес игра квалификации за Лига Европа во Ружомберок, 47 километри подалеку од Братислава.
Габриел Барбоса познат како Габигол од што се покажа како толку добар отиде на три позајмици за две години по заминување од Интер, кој џабе фрли 30 милиони евра за него. Погледнете какви маки си има човекот, да не сте му во кожа. Инаку игра за Фламенго.
Во Аргентина во моментов е зима со незгодни студови, поради што бездомните луѓе кои се најзагрозени бараат помош. Семејството на Лионел Меси направило убав гест за сите кои немаат каде да се нахранат.