Себастијан Абреу професионалната кариера ја почнал во Дефенсор Спортинг од Уругвај во 1996 година. Потоа играше уште за: Сан Лоренцо, Депортиво Ла Коруња, Гремио, Текос УАГ, Насионал, Круз Азул, Америка Мексико, Дорадос де Синалоа, Монтереј, Сан Луис, Тигрес, Ривер Плејт, Беитар, Реал Сосиедад, Арис, Ботафого, Фигеиренсе, Росарио Сентрал, Аукас, Сол де Америка, Бангу, Сентрал Еспањол, Депортес Пуерто Монт, Аудакс Италиано, Магаљанес, Рио Бранко и Бостон Ривер каде реши привремено да ја заврши кариерата во 2019 на 42 години!
Со Уругвај играше на неколку Мундијали, а во 2010 година се прослави со евроголот против Гана на Светското.
Направил термос за матè на кој стојат амблемите на сите клубови во кои настапувал и секој ден се сеќава на спомените од секој клуб:
Неодамна Себастијан привремено станал тренер на клубот Санта Текле во Ел Салвадор, но крајот на сезоната решил да се врати на теренот. Рекордот по бројот на клубови го срушил во 2018 година, а сега само го зголемува.
Мате е симбол на Јужна Америка и неизбежен дел од културата на Аргентинците, Уругвајците, Парагвајците и Бразилците. Во неговата основа има сушени листови од растението мате. Има различни начини на приготвување, а најстандарден е оној класичниот во зовриена вода се ставаат листови од мате и се пие готовиот чај.
Јужно-американските фудбалери ширум Европа постојано пијат мате кој им е врска со татковината.
„На времето ретко пиев мате од 18-19 години со татко ми или со соиграчите. Но кога го напуштив Уругвај, се почуствував уште повеќе Уругваец и главна врска со татковината ми беше токму мате“, напишал во својата автобиографија Луис Суарез.