Хобито на Герет Бејл поради кое Зидан беснее и кое му поттикнува повреди

Иднината на Бејл е под прашање: Велшанецот не сака да си оди, Реал е спремен да го продаде за 80 милиони евра, но на Бернабеу не стигнала никаква понуда до сега. Зидан има нешто против Бејл.

Во саботата, пред мечот со Баерн Минхен од Интернационалниот Куп, Зидан рекол дека Велшанецот е близу до заминување: „Се надевам дека скоро ќе оди. Тоа ќе биде најдобро решение за сите. Работиме на негов трансфер во друг клуб“.

За Герет нема ништо страшно ни ако ништо не тргне по планот и тој остане во Мадрид.

Тој и натаму ќе се занимава со најголемото негово хоби: голфот, спорт за кој љубовта му ја пренел татко му, така што Бејл во слободно време често игра со татко му или другарите.

„Се трудам да играм голф што е можно почесто. Го сакам тој спорт и факт е дека крадам повеќе време за да го играм со пријателите. Никој не може да ти влезе на теренот за голф, а пријатно е и убаво кога ќе одвлечам внимание од фудбал. Обожавам голф“, рекол Бејл.

Бејл не само што сака да игра, туку и многу гледа голф. Во февруари пред мечот со Леванте, тој на својот смартфон гледал голф турнир во Мексико. Соиграчите често се шегуваат на сметка на љубовта на Бејл за голфот. Тибо Куртоа еднаш раскажал дека никој не го вика по име, туку дека сите го викаат „Голферот“.

ПРОБЛЕМИ ПОРАДИ ГОЛФОТ

Да се меша кариерата фудбалер и голфист е нереално, но Герет има план по кој се движи.

На крајот од минатата сезона Бејл беше очигледно нервозен. Реал заврши трет во Ла Лига со сериозен минус зад Барселона и Атлетико. После последниот меч од сезоната, играчите на Реал им заблагодарија на навивачите на трибините, а Бејл замина во соблекувална.

Последните три меча од сезоната Герет не беше во екипата (против Виљареал и Сосиедад, а со Бетис седеше на клупа). Зидан не зборуваше конкретно, но тврдеше дека Бејл не бил спремен за игра.

Во микс-зоната после мечот со Бетис, Бејл бил лут и рекол: „Имам 3 години од договорот. Ако сакаат да си одам, треба да ми платат 17 милиони евра за секоја сезона од тие три. Инаку ќе останам. И после ако ми се игра голф, ќе играм голф“, пренесе новинарот Фернандо Бургоса.

ГЕРЕТ НАПРАВИЛ ГОЛФ ТЕРЕН ВО ВЕЛС, А ВО МАДРИД ДОМА ИМА ГОЛФ-СИМУЛАТОР

На огромниот плац кај што се наоѓа неговата вила во Велс, Бејл во задниот двор има огромен терен за голф со три дупки за игра (ископирани се најдобрите модели за игра (TPC Sawgrass од САД со 17 дупки, Royal Troon од Шкотска и National Augusta од САД со 12 дупки).

Архитектите направиле и вештачко езерце и рашилиле синтетичка површина од компанијата Southwest Greens Pro System. Бејл знаел дека да се опслужува терен со природна трева не е можно затоа што тој не е постојано присутен а треба персонал, треба редовно полевање итн. Синтетичката површина е подоголтрајна и полесна за одржување, тврдат експертите.

Вештачката трева не може да ја оштетат животните преку мокрачата како што може со природниот тревник. 

ИМА ВЕРЗИЈА ДЕКА ГОЛФОТ МУ ГИ ПОТТИКНУВА ПОВРЕДИТЕ НА БЕЈЛ, ГИГС МУ ЗАБРАНИЛ ДА ИГРА

Од кога е дојден во Реал до ден-денешен, Герет Бејл доживеал 23 повреди, помали или поголеми и поради тоа пропуштил околу 90 меча. Можно е една од причините за повредите да е поврзана со голфот. Во 2017-та El Confidential пишувал дека за време на голфот Бејл ги поттикнува проблемите со грбот.

Иако воопшто не делува така, голфот важи за незгоден спорт во кој едно неправилно движење или лоша техника, може да испровоцира истегнување на мускул или дури и сериозна повреда.

Последните 10 повреди на Бејл му биле поврзани со долниот дел од телото: му страдале листовите, адукторот и колената. Нозете се најважниот дел за играње голф иако се удира со раце. За време на мечот, нозете постојано се во движење.

Во 2016-та година Бејл така направил проблем. После саботен меч во Ла Лига се жалел на болки, а следниот ден отишол и осум часа играл голф. Во понеделникот на тренинг сфатиле дека нема да може да игра во среда поради повреда. Зидан бил бесен.

Против играњето голф на Бејл бил и Рајан Гигс, селекторот на репрезентацијата на Велс. Во 2018-та година тој му забранил да игра голф додека се во Кина. Гигс сметал дека дополнително оптоварување на телото може да обнови некои повреди кај Бејл. Во репрезентацијата на Велс голф сакаат да играат уште и Вејн Хенеси и Арон Рамзи, фудбалери кои често доаѓале играле голф во паркот на хотелот Гламорган каде е базата на селекцијата кога игра дома.

Гигс еднаш рекол дека голфот можеби му влијае на Бејл на проблемот со грбот и задната ложа.

ТОП ГОЛФЕРИТЕ ЗАРАБОТУВААТ ПОВЕЌЕ ОД БЕЈЛ

Голфот е мошне уносен спорт. Голф може да се игра до 40-50 години, да се патува на турнири и да се заработува од спонзорски договори. Најдобрите голфисти заработуваат повеќе дури и од Бејл.

Forbes оцени дека годишната заработка на Бејл е 27,1 милион долари, а Тајгер Вудс годишно стигнува и до 63,9 милиони долари (повеќето од спонзорски зделки).

49-годишниот голфист Фил Микелсон зарбаотува 48,4 милиони годишно, Рори Мекилрој 39 милиони долари годишно, Џастин Роуз 32,4 милиони, Џордан Спит 31,1 милион долари. Сите далеку повеќе од Бејл.

Самиот Бејл признава дека никогаш нема да го напушти голфот. „Не сум размислувал со што ќе се занимавам после 20 години кога ќе ја завршам фудбалската кариера. Но се надевам ќе бидам голфер“, рекол Герет.

 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

How good can your golf be in 30 seconds? Post your videos to @sprint6golf ⏰⛳️ #GetReadyToPlay

A post shared by Gareth Bale (@garethbale11) on

Очигледно дека ова хоби негативно му влијае на здравствената состојба, така што паралелно со кариерата професионален фудбалер, Бејл мора да се одлучи за една работа. Барем според Зидан и Рајан Гигс.