Гуштерите Буфон и Игуаин мораа да пеат песни за новајлии

Иако веќе неколку години се во или околу клубот, со кратки авантури во Париз и Лондон, Џиџи Буфон и Гонзало Игуаин мораа заедно со новите засилувања на Јувентус да отпеат песна - ритуал на иницијација во сите големи клубови.

Игуаин се реши за веќе преџваканиот хит Деспасито:

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

And on today's episode of Juve's Got Talent... 😂🎤🎶 @bonuccileo19 @juventus

A post shared by 433 (@433) on

Холанѓанецот Матејс Де Лихт ја испеа Three Little Birds од Боб Марли, најпозната песна меѓу навивачите на Ајакс:

Адриен Рабио реши да ја пее легендарната Les Champs-Élysées од Џо Дасен, ама не се прослави. 

А му дојде редот и на повратникот Буфон кој со ќејф ја испеа епската Volare