Сите Вардарци во Кавадарци, гласи повикот на 11 кратниот првак на Македонија и на Комитите кои се мобилизираат за бараж битката против Скопје вредна кам бек во првата лига. Собирот на навивачите во Скопје е во недела во 12 часот, тргнувањето во 14:00, а мечот во 17:00. Вардарци спремија посебна видео мотивација.
Тетекс, Пелистер и Кожуф се последните три пресметки за Вардарци во беспоштедната, долгата и херојска битка која ја бијат за кам бек во прва лига. Комити ги одржуваат играчите финансиски во живот, а за саботниот меч против тетовчани организираат и акција.
На промоцијата на документарецот за Дарко Панчев имаше многу фудбалски легенди на Вардар, Црвена Ѕвезда па сè до Милан. Ама шоуто го украде Васето од Струмица.
Воска кој е лидер на табелата во втората македонска лига, одлучи да не прима гостински навивачи за мечот против второпласираниот Вардар, кој е многу важен во битката за промоција во прва лига. Се игра во недела со почеток од 16 часот. Играчите и навивачите заедно се мобилизираат и се надеваат дека охриѓани ќе ја сменат одлуката.
„Ви што давате голови, да не се срамите да давате голови, ќе давате ами како. Вие во одбрана, не пуштајте пиле да прелета. Сите да го кренеме Вардар, птица Феникс, од пепел горе да го качиме каде што му е местото“.
Првиот селектор на македонската фудбалска репрезентација синоќа во гостување во МТВ зборуваше разочарано за ситуацијата во клубот со кој успеа да ја освои титулата во Југославија.
Колегите од Телма го посетија 11 кратниот првак на Македонија. Тренира во село Кадино. Им го отстапил истоимениот третолигаш. Најголемиот македонски спортски бренд дојде до тоа дереџе да нема свој дом, терен за тренинзи, стадион и да се снаоѓа за организација со помош на пријатели и Комити.
По соопштението на фудбалерите на Вардар кои ја запознаа јавноста со тажната актуелна состојба, се огласи и сопственикот на клубот. Ситуацијата е статус кво. Пари нема.
ФК Вардар е прв на табела и води битка да се врати онаму каде што му е местото, во прволигашко друштво. Kога ќе им ги прочитате проблемите со кои се соочуваат, ќе помислите дека се работи за четвртолигаш формиран во 2023-та со нула денари влог.
Вардарци викендов славеа 4:1 против Караорман и избија на челната позиција во втората македонска лига. И покрај финансиските проблеми, клубот грчевито се бори за кам бек во прволигашкото друштво и ја билда атмосферата.
Македонскиот Пирло за првиот дел од сезоната 2015/2016 го имаме во топ 5 фантастични варијанти. Без разлика што нашите играчи кога се местат да шутираат гледаат во багреми и згради, дечкиве на листава се цареви од прв до последен. И третолигашот Брегалница Голак се најде во друштво на Вардар и Шкендија.
Ќе ви раскаже чичко Ивко, во најновата шеста епизода од нашиот човек-енциклопедија за историски спортски приказни и анегдоти од минатото. Договорот паднал во просториите на Милан, каде Италијанците за засилување барале една легенда од Штип.
На денешен ден пред точно 29 години со головите на Џипунов и Горачинов, Вардар славеше над Динамо Загреб со 2:0, победа која значеше презимување на врвот на табелата во југословенската прва лига, а на пролет и прва историска титула. Имаме легендарно парче за гледање.
Фудбалерите на Шкендија го добија првиот четвртфинален меч од Купот на Македонија со 3:0, а во првите 45 минути Црвеноцрните добија два црвени картони. ФК Вардар денеска удри жестоко против меѓународниот судија Александар Ставрев и објави видео со сите негови судиски одлуки кои смета дека се погрешни.
И покрај неуспехот во 2. коло каде испадна од АПОЕЛ, македонскиот шампион ќе инкасира 550.000 евра колку што дава УЕФА за оваа рунда квалификации за Лига на шампиони.
На денешен ден пред точно 68 години се роди великанот со најмногу титули во македонскиот фудбал. Клуб со име Вардар во Скопје имало уште во 1911 година и се викал Вардар Топаана, но денешниот е формиран на 22 јули 1947, а го создале спортските друштва Македонија и Победа.
Навивачката група Комити на два часа пред мечот тргна по својата препознатлива рута од Соборниот храм до паркот пред арената Филип Втори каде се загреваа со песни за важниот меч на Вардар на кој му недостасуваше само гол за пласман во следното коло.
Вардарци вечерва имаа ветер од над 20.000 гледачи, одлична поддршка и позитивен резултат од првиот меч, но не успеаа да го минат кипарскиот АПОЕЛ кој со 1-1 оди на данскиот Митјиланд.
Гостите од Кипар влегоа во судир со редарите и полицијата откако на околу половина час пред почетокот на мечот извадија грчко и српско знаме. Туркањата почнаа откако службите за безбедност одлучија да им ги одземат.
Фудбалерот на АПОЕЛ, Томас де Винсенти на својот Инстаграм објави фотографија со натпис дека тимот пристигнал во Македонија, што предизвика (не)очекувана реакција кај навивачите на кипарскиот клуб.