АПОЕЛ пристигна во Скопје, каде утре од 20:00 се игра реваншот од 2. квалификациско коло. Пристојниот говор на тренерот Пасиенсија на вечерашниот прес некако остана во втор план, откако попладнево Аргентинецот Томас де Винсенти постираше фотографија на која напиша:
„Пристигнавме во Македонија, Скопје... Утре играме важен натпревар во второто квалификациско коло во Лигата на шампионите“, напиша Де Винсенти.
Следуваше остра реакција од страна на навивачите на АПОЕЛ кои реагираа на тоа, а Аргентинецот културно одговори дека во неговата земја знаат замо за државата Македонија.
„Почит за сите, но во Аргентина оваа земја сите ја знаеме како Македонија. Немав намерам да повредам чувства на некои луѓе, едноставно ова е начинот на кој нас нè учеа во школо“, додаде Де Винсенти.
Томас де Винсенти е роден во Буенос Аирес. Од 2009-та година играше во ПАС Јанина, подоцна беше позајмен во Каламата. Во 2013-та година потпиша со Олимпијакос, но во Пиреја не настапи ниту еднаш и замина во АПОЕЛ каде на 40 натпревари досега постигна 15 голови.