Парче историја за сите навивачи на Вардар пред финалето во Кавадарци

Сите Вардарци во Кавадарци, гласи повикот на 11 кратниот првак на Македонија и на Комитите кои се мобилизираат за бараж битката против Скопје вредна кам бек во првата лига. Собирот на навивачите во Скопје е во недела во 12 часот, тргнувањето во 14:00, а мечот во 17:00. Вардарци спремија посебна видео мотивација.

„Нека се присетат сите кои што сакаат да го урнат, што значи Вардар за Македонија и македонскиот фудбал. Сега, пред најважниот натпревар против екипата на ФК Скопје, ова видео, нека биде мотивација за секој навивач, во недела да дојде во Кавадарци!

Заедно го браниме - заедно навиваме за Вардар!

СИТЕ ВАРДАРЦИ - ВО КАВАДАРЦИ!“, стои на нивниот Фејсбук профил.

17 мај 2023 - 14:02