НБА лигата ги виде Мајкл Џордан, Меџик Џонсон, Шекил Онил, Коби Брајант, Леброн Џејмс и кој уште не, ама го немаше Никола од Сомбор, кој дојде, покажа како се игра кошарка и стана уникатен мадр факр лик.
Наводно е goth girl summer. Знаете како медиумите на секое лето мораат да му дадат тема, па сега сме биле во гот-фаза. Е па, штом сме во гот-фаза, тогаш пригодно е Марк Џејкобс да си ја прибере Винона Рајдер за новата кампања.
Најдобриот шпански тенисер и еден од најголемите во историјата, Рафаел Надал на неверојатен и убедлив начин со 3:1 во сетови го совлада бројот 1 на светската ранг листа, Новак Ѓоковиќ и закажа полуфинале со Зверев кој претходно го елиминираше младиот Алкараз.
Еден од најдобрите кошаркари на светот, Кевин Дурент во живо ги следеше последните два натпревари меѓу Олимпијакос и Монако за кого игра неговиот најдобар другар Мајк Џејмс со кого на времето играа во Нетс. НБА суперѕвездата беше сведок на навивачко лудило во Пиреја.
Пред големото дерби Ренџерс - Селтик (1:2), навивач на „келтите“ кој немал карта за ривалскиот стадион „Ајброкс“, решил да аплицира за работа во киоскот внатре на самиот стадион каде се продаваат разни сендвичи и пијалаци. Во еден момент додека бил „на работа“, а кога навивачите на Селтик влегле во делот обезбеден за нив, тој им се придружил на трибините и „дал отказ“.
Еквадор е во транс откако успеа да го обезбеди четвртото мундијалско учество во историјата и тоа пред селекции како Колумбија и Чиле. За дресот на Меси има нејаснотија.
Кога станавме толку плитки и ејџисти, да не можеме да замислиме дека една 44-годишна жена може да има хит на прво место на топ листа? Инаку, Тина Тарнер е жената. Песната е What's Love Got To Do With It.
Колку да нема забуни со насловот, Стефан Козлов е роден на 1 февруари 1998-ма во Скопје. Тој има руски родители, татко му Андреј Козлов е поранешен тенисер кој едно време работел во армија, а подоцна со семејството емигрирал во САД. Козлов-постариот сега е тренер на син му кој направи големо изненадување во Акапулко.
Креаторот Џош Вардл е „превозбуден“ што весникот ја презема интернет сензацијата и ветува дека таа ќе остане бесплатна. Некои од играчите се сепак скептични и стравуваат дека големата инвестиција вака или онака ќе треба да се врати.
Берлин е град на духови, а еден од најфасцинантните е Анита Бербер, високата свештеничка на декаденцијата - со исцрнети очи и црвени коси и усни, засекогаш запаметена низ четката на Ото Дикс, божица на кабарето и предизвикувачка на табуа со перформанси што кршеле граници и би шокирале дури и денес.
Шекил О' Нил важи за еден од најголемите хедонисти кои ги видела американската кошарка (Коби има кажано, да тренираше Шекил колку мене, ќе беше најдобар на сите времиња). Но, и над попот има поп. Грамадата вели дека никогаш нема да ја заборави сцената во која го запознал Принц.
Со голот на Чиро Имобиле во 106 минута, Лацио го елиминираше Удинезе во осминафиналето од Купот на Италија. Хит клип на денот е судирот на тренерот на Лацио со гостински играч.
8 од последните 14 масовни убијци во САД имаат кривично минато и документирани психички проблеми. И покрај ова тие немаат проблем да го набават оружјето со кое ги извршуваат масакрите. Во исто време, Џон Оливер, имаше нешто сосема друго да праша на темава.
Знаете ли дека може да се вљубите во некого поставувајќи му прецизно смислени 36 прашања? Но, дали е тоа вистинска љубов и колку таа трае? За едно такво искуство споделено на ТЕД, од жена која го пробала на себе експериментот со "лабораториски произведена романса".
Како и нашите, и американските медиуми обично им даваат голем публицитет на милионските донации но подоцна ретко кој проверува како тие завршиле. Пред некоја година Закерберг од Фејсбук донираше 100 милиони долари за школите во Њуарк, една од најбедните заедници во Америка. Што се случи со тие пари? Нишчо особено.
Фото/информативен дајџест од занимливи и контроверзни процеси кои ја отсликуваат најдраматичната бегалска криза на светот во последниве три децении. Ценкања, политички педерлаци, лицемерие. Има и убави работи.
На крајот од јуни пренесовме дека досега стандардната постава водители на Топ Гиар потпишале договор за ново тв шоу, само не се знаеше за кого (се шпекулираше дека е Нетфликс). Сега се знае, не е Нетфликс, Амазон е. Она што исто така се знае е и дека ќе го нема Стиг. Она што не се знае е како ќе се вика новото шоу.
Сериозни обвинувања на сметка на Папис Сисе стигнаа директно од неговата сопруга од Сенегал, која тврди дека фудбалерот ја забременил кога имала 13 години по што решиле да се венчаат. На Сисе сега му се заканува затвор од 10 години.
Од компанија доминирана од инженерски машинско чувство за дизајн и употребливост, Гугл денес создава подобро дизајниран софтвер од кој било друг технолошки џин. Да, вклучително и Епл. Да, тоа посебно се гледа во споредба меѓу иОС и Андроид.