Во последното квалификациско коло во Јужна Америка, Еквадор пред своите навивачи одигра 1:1 против Аргентина и како четвртопласирана во група оди директно на Светско заедно со Уругвај, Аргентина и Бразил.
И покрај тоа што за Аргентинците, натпреварот немаше никакви резултатско значење, сепак допатува и Лионел Меси.
Сите се мотаат околу него, ама најупорен се покажа Бајрон Кастило, кој успеа да ја ќари 10-та на мега ѕвездата. 23 годишниот бек беше пресреќен и со дресот им се фалеше на соиграчите.
Byron Castillo of Ecuador couldn’t believe he got Messi’s shirt last night
— R (@Lionel30i) March 31, 2022
pic.twitter.com/8oNd63vIMN
А потоа се сликаше и за на Инстаграм
Но конфузија на медиумите им создаде оваа снимка од камерата на аргентинскиот канал TyC Sports, која покажува дека по последниот судиски свиреж Меси го менува дресот со левиот бек на Виљареал, Первис Еступињан, со кого имаше судири во Ла Лига.
Да беше само дресот. Имаш на пример и селфи од ваков тип.
Инаку за прв пат по ограничувањата поради пандемијата, стадионот „Монументал“ беше преполн со околу 59.000 луѓе, атмосферата фантастична.
Que lindo es el Monumental. Aquí se viven los partidos de forma diferente pic.twitter.com/7zP4NlB0kL
— Daniel M (@ac_dm22) March 30, 2022