Многу често се случува во последно време. Младата (мора да е млада) главна женска улога мирно спие во кревет, додека врата бавно се отвора со крцкање и гледаме згрбавена силуета како влегува во собата. Се тргаат креветските чаршави и спијачката е откриена. Се буди, но дури кога ќе ги почувствува грубите, овенати прсти на натрапникот, сфаќа дека не е сама. Предаторот не е Предатор лично, или дух, или сериски убиец: малото бапче од комшии е во прашање. Па, главната ќе помисли дека само се изгубила, сè додека натрапникот во години не крене кујнски нож во својата ревматична рака и не го забоде длабоко во грлото на развресканата тинејџерка.
Во современиот хорор, негативец е стареењето и фигурата на стар човек е сè повеќе претставена како злокобна. Во новиот хорор „Икс“, Миа Гот ја игра Максин, порно-актерка што снима филм за возрасни на една фарма во Тексас, чии сопственици се стар, религиозен пар што ја тероризира неа, колегите и сите што учествуваат заради блуд.
Исто така го имаме и новиот филм од 2021 на М. Најт. Шамалан со наслов „Старо“, во кој една плажа го забрзува стареењето на посетителите до монструозни нивоа и од 2015 - „Посета“, каде што две деца одат да живеат со баба им и дедо им, кои навечер тотално се губат и полудуваат. Некогаш утешителната фигура на постар човек сега е извртена на мрачни, вознемирувачки начини. Да не го заборавиме и „Наследно“ од 2018 и Мидсомар од 2019, со језиви, голи старци во култови, со мерак за мачење на своите семејства, или пак за скокање од карпи.
Едно е сигурно: Зумерите се на ред да формираат трендови. Миленијалците можат конечно да одморат.