Олимпијакос и Монако одиграа пет фантастични натпревари а решавачкиот во Грција го доби некогашниот тим на нашиот Перо Антиќ. Славеше екипата на Јоргос Барцокас 94-88 во исклучително драматичен меч и се пласираше на големиот Фајнал Фор.
Натпреварот во салата во Пиреја го следеа и Кевин Дурент и познатата американска глумица Ема Стоун кои беа вџашени од она што го видоа. Ненавикнати на таква лудница во НБА.
Во последните моменти од мечот кога беше јасно дека Олимпијакос ќе победи и ќе оди на Фајнал Фор во Белград каде ќе играат уште и Реал Мадрид, Барселона и Ефес Пилсен, стотици навивачи на грчкиот тим влетаа на паркетот да прослават триумф со играчите иако времето уште не беше истечено.
Други стотици на трибините палеа факели и фрлаа топовски удари во целото славје.
Спикерот залудно урлаше колку го држи глас сите да го напуштат паркетот за судиите да го привршат мечот до крај.
Евролига го осуди тоа однесување на грчките навивачи и го казнија Олимпијакос 53.000 евра а црвено-белите следната сезона ќе мора да играат и еден натпревар без публика.
Олимпијакос се врати на Фајнал Фор после цели пет години во кои беше дел дури и од грчката втора лига и доживуваше порази од вечниот ривал Пао.
„Апокалипса“, напиша Кевин Дурент во видеото од мечот кое го објави на Твитер.
Интересно иако во САД за првпат на кошаркарски меч меѓу Дјук и Северна Каролина во 1963-та година првпат се случила спонтана појава илјадници навивачи да упаднат на терен да слават со играчите, атмосферата со онаа во европската кошарка е неспоредлива.
Kevin Durant got booed by Olympiacos fans at Peace and Friendship Stadium 🤬😬 pic.twitter.com/mgzb9nGdLh
— BasketNews (@BasketNews_com) May 4, 2022
За тоа зборуваат стотина американски кошаркари кои играле во европски клубови а Мајк Џејмс неколку пати го убедувал Кевин Дурент дека мора да го доживее одблизу тоа што се случува во европските кошаркарски сали. Којзнае, можеби големата ѕвезда еден ден ќе се реши да ја почуствува таа атмосфера и како играч.
Во салата во Пиреја беше и оскаровката Ема Стоун која со големо внимание го следела натпреварот: