Со оглед на тоа што од мал е во САД, Козлов стекнал услови за американски документи па игра под знамето на Соединетите Американски Држаи. Играл во две финалиња на јуниорски Гренд Слем - на Отвореното првенство на Австралија во 2014 и на јуниорски Вимблдон 2014.
Стефан Козлов испаднал во квалификациите за АТП турнирот во Акапулко во последното коло, па тренирал со четвртиот носител на турнирот, Рафа Надал. На сред тренинг му се јавиле да му кажат дека е „среќен губитник“ (lucky loser) и дека ќе игра на турнирот како замена за повредениот Максим Креси.
Поради ова Козлов морал да го прекине тренингот со големиот шампион Рафаел Надал и да се спреми за дуел со Бугаринот Димитров.
Kozlov was practicing with Nadal when he got the call to enter Acapulco’s’ main draw as lucky loser. pic.twitter.com/RH6ydhCXsx
— José Morgado (@josemorgado) February 22, 2022
Во 1. коло Стефан Козлов направи големо изненадување зошто како 130. тенисер на светот го совлада 33-от рангиран фаворит Димитров со 2-1 во сетови: 6:7, 7:5, 6:3.
Во текот на напорниот меч кој траел 3 часа и 21 минути (втор најдолг во историјата на турнирот во Акапулко, во истиот ден Изнер и Вердаско играле рекордни 3 часа и 13 минути), при резултат 4:3 за Стефан Козлов на сервис на Димитров, помладиот после една долга размена на удари, тргна по својот пешкир, но наеднаш се укочи од грчеви и падна на земја.
Ги викаше лекарските екипи и сите брзо дојдоа да му помогнат а меѓу нив и Димитров кој му ја држеше едната нога. Козлов по пружената помош, го продолжи мечот и успеа да победи.
Stefan Kozlov, entró como lucky loser, estaba a un game de conseguir la victoria más importante de su carrera y se le contracturan las dos piernas producto de un partido sumamente intenso, aún así terminará el partido, qué huevotes.
— 𝑴𝒂𝒓𝒊𝒐 𝑹𝒊𝒗𝒆𝒓𝒆𝒕𝒕𝒊 (@Riverettii) February 22, 2022
pic.twitter.com/KHFuxnNJt5
Козлов меѓу тенисерите важи за незгоден темперамент.
Пред две години направил конфликт на еден меч од квалификациите за Челенџерот во Кари, САД. Колумбиецот Николас Мехија го победил 2:6, 7:5, 7:5 а по освоениот победнички поен Колумбиецот викнал: „Ајде Стефано“. Козлов помислил дека тој му дофрла нему зошто се вика Стефан па Колумбиецот објаснил дека разговарал со член од неговиот тим а не со него. За малку не избила тепачка.
Terrible. https://t.co/WqwroCTbaX pic.twitter.com/wU3PDkplNd
— Dawid Żbik (@DawidZbik) November 7, 2020