Лик на годината

Пред големото дерби Ренџерс - Селтик (1:2), навивач на „келтите“ кој немал карта за ривалскиот стадион „Ајброкс“, решил да аплицира за работа во киоскот внатре на самиот стадион каде се продаваат разни сендвичи и пијалаци. Во еден момент додека бил „на работа“, а кога навивачите на Селтик влегле во делот обезбеден за нив, тој им се придружил на трибините и „дал отказ“.

Царот седел долго време во тоалет и неколку часа чекал да дојдат неговите:

На табелата еден до друг во борба за титулата, Келтите бегаа три бода па Ренџерс сметаше дека со триумф ќе се израмнат на првото место. Домашните поведоа многу рано, на сам почеток во 3’ минута преку новото засилување Арон Рамзи, а Селтик брзо израмни во 7’ минута со гол на Том Рогиќ. Во 42’ минута Картер-Викерс ги постави конечни 1-2 за три златни бода за Селтик и веројатно решавачки за титулата.

 

5 април 2022 - 10:18