Приватниот живот на шпицот на Њукасл се збогатува со нови епизоди. Сенегалецот веќе беше нападнат од неговата поранешна девојка Рашел на која што во јуни ѝ рекол дека ќе оди во Сенегал да се види со роднините, а тој во Париз се венчал со одбојкарката Дијало Ава од Сенегал. Со Британката Рашел Сисе беше во врска од 2012. година, но неколку пати се разделувале поради расистички коментари и напади на околината во Њукасл.
Во интервју за англискиот Сан, првата жена на центарфорот, Аџиџа Сини Тија изјавила дека венчавката на Сисе со одбојкарката во Париз ја натерала да открие детали од нивниот брак.
Аџиџа изјавила дека со Папис Сисе решиле да го кријат датумот на раѓање на нивниот син Осман, затоа што го родила на 13 години кога фудбалерот имал 16. Првиот датум на раѓање во регистарот бил запишан 7. јули 2005. година, но Сисе потоа одлучил три пати да го менуваат датумот, за да не се открие чинот на педофилија.
„Педофилијата е страшен престап кој би можел да се одрази на неговата кариера. Имав 13 години кога останав бремена од него, по што одлучивме да ја лажираме датумот на раѓање на детето за Папис да нема проблеми со судот. Денес веќе помина многу време, затоа што обвинувањата се застарени. На времето татко ми не сакаше да слушне, но јас го сакав и сакав да бидам со него“, изјавила првата жена на Папис Сисе.
Во реалноста, Сисе и Аџиџа никогаш не живееле под ист кров. Папис во Европа играше во Франција (Мец), Германија (Фрајбург) и од 2012-та во Англија (Њукасл). Аџиџа за тоа време останала во Дакар, со синот Осман за кој од Папис Сисе зема алиментација од 700 евра (иако шпицот заработува 4 милиони годишно).
Бракот на Сисе со одбојкарката Диало ја убедил Аџиџа да се отвори за британскиот таблоид, но и покрај тоа таа вели дека не се откажува од него и дека се надева дека ќе ѝ се врати. Папис Сисе е роден во Дакар, Сенегал во 1985. година. Дебито го имал за локалниот тим Дуан на 18 години. Од Сенегал се пресели во францускиот Мец, а потоа во Фрајбург. Во 2012. година Њукасл го купи за 9 милиони фунти. Како муслиман, Сисе не пиел алкохол и секојдневно се молел. Лани одби да ја облече маичката со логото на спонзорот Wonga, затоа што Исламот забранува лихва и заем на пари за коцкање.
Минатата недела Папис Сисе играше на пријателската против Гејтшејд и беше стрелец на единствениот гол на мечот.