Дали сте спремни за спремање на најнежниот мускул од кралот Гуц? Не за џабе Eнглезите го ословуваат како 'Gentleman's Cut'. Нашите месари стално го викаат "свински БИФтек". Некој морон случајно измислил оксиморон.
Денес овој слабинаст мускул ќе го претвориме во протеински локум. Сочен лиго-предизвикувачки специјалитет, погоден од чаламџии до мераклии. Шо би рекле младите куварици од Инстаграм: "Време е за малку РУСТИЧНА храна". Блаже нека им е на помош...
Јен-два-три (јендва, јендва):
Јас имам четири помали парчиња. Загреваме масло на тава од расата "со дупло дно" или "грил" или "нелеплива". Месото го напудруваме со сол. А сол без црн пипер е како Коки без Дуле. Така нашминкано го паркираме во тавата и го ротираме да се испржи по целата површина. Околу пет минути „пер страна". Вака му правиме кафеав секси оклоп кој ќе ги чува соковите внатре и нема да дозволи месото да се исуши и претвори во свински Минти мастики. Филето пропржено. Го вадиме на страна.
Во меѓувреме, да прашам зошто зборот 'меѓувреме' се води како именка а не како прилог за време кога јасно ни посочува на времето помеѓу два настани или две случки? Имате ли душа, граматичари? Немате...
Во меѓувреме спремаме сос од сенф и мед. Ја секогаш играм на варијанта "Размер 2:1" во полза на сенфот. Оваа интеракција помеѓу горките и лутникави ноти кај сенфот и волшебниот нектар од медот создава еден епифаничен коктел од вкусови! Пан-емоционален вокслик!!! (отсекогаш сакав да го искористам восклик у текст, тенкс off.net).
Следни на репертоарот се ф'стаците. Зелено-пурпурните јатки ги ситниме со нож или во некој специјален процесор за храна. Оставете различни форми и големини, позабавно е. Е сега, имате две опции:
1. Да ги премачкате парчињата со окерастата магија од сенф и мед, да ги завалкате во фастците и да ги печете заедно, како би добиле малце покрцкав и "подлабок" вкус на јатките.
2. Да го испечете само месото па потоа да го мачкате и увалувате. И двете опции се добитни. Кога веќе сте одлучиле за една од двете опции, на 180 степени по господин господин Целзиус ги печеме филетите дваесе минути. По печењето го оставаме 10-15 минути тајм-аут, не го сечеме веднаш.
А откако ќе го исечеме.... ...почнува саксот од интрото на керлес уиспер од Ѓорги Михајлов а ние целосно се препуштаме во прегратките на ова неодоливо прасечко ремек дело.
I'm never gonna постам again
Празни црева got no осет.mp3
Кирил Стоименов - веган