Вечерва во Келн ќе се одигра финалето на Лига на шампиони за сезоната 2019/2020 која доцнеше од познати причини. Вечерва од 20:30 Кил и Барселона ќе играат за европската круна која 574 дена му припаѓаше на Вардар. Апсолутен рекорд на тронот.
Вардарци го загубија и вториот меч во низа од Кјелце, ама ЕХФ го величи човекот кој и на 37 години не престанува да прави магии со топка. Уживајте во најновата која не е од оние со вртена, во изведба на најдобриот стрелец на Вардар во ЛШ со 532 гола.
Актуелниот европски шампион Вардар со тотално несреќно примен гол буквално во последната секунда ремизираше 25-25 (13-12) со Порто и за малку не запиша нова важна победа во Лига на шампиони.
Ракометарите на Вардар не можеа да посакаат поубав кам бек на паркетот после сите перипетии со коронавирусот кој им „скина“ два меча од распоредот. Одиграа како во најдобрите денови и го декласираа германскиот состав кој допатува во Скопје непоразен со три од три.
РК Вардар е бранител на трофејот во СЕХА лига каде вечерва во Задар игра полуфинале против Загреб, а тронот не го даваат ниту на социјалните мрежи каде се највлијателни. Од СЕХА лигата круната му ја доделија на Циндриќ, па Карачиќ, а оваа година на Тимур. Сè вардарци и во оваа конкуренција.
Бундеслигашот Кил ги потсети своите следбеници на Твитер со еден неверојатен момент кој се случи сезонава во групната фаза на мечот против Вардар. Момент кој добро е што може да го видиме од повеќе камери, бидејќи не се сфаќа од прва.
Пред точно 12 месеци, на денешен ден Вардар направи сензација, откако на полувреме губеше со седум голови негатива, па во вториот дел се врати и оствари историски триумф против моќната Барселона во полуфинале на Лига на шампиони.
Откако Пари Сен Жермен израмни преку Даниел Нарсис во финалето на Лига на шампиони во 2017-та, на Вардар му останаа само седум секунди да проба да направи сензација.
Ситуацијата е таква каква што е, европскиот првак мора да се задоволи со 6. место, последно од групата кое води во следната фаза. А таму најверојатно ги чека стар познаник.
И покрај сите неволји со кои се соочува во последните неколку месеци, европскиот шампион Вардар покажа дека е над ситуацијата - вечерва во Скопје го згроми украинскиот шампион Мотор 38:28.
Ракометарите на Вардар на најдобар можен начин ја прекинаа серијата од три порази. Вечерва во Скопје со 34-24 го совладаа данскиот шампион Колдинг и заслужено ќе одат на паузата.
Прекин на серијата од три порази, борба за подобар пласман во групата и задржување на формата пред паузата. Голем влог за дуелот против Колдинг на кој Раул Гонзалес ќе мора да игра без неколку стандардни првотимци кои се повредени.
Ракометарите на Вардар го претрпеа четвртиот пораз во групната фаза од Лигата на шампионите откако во Полска одиграа натпревар далеку под своето ниво. Поразот од три гола разлика е достоен со оглед на лошата игра на тимот на Гонзалес.
Македонскиот ракометен шампион и покрај тоа што пружа храбра и борбена игра со која имаше водство на поголемиот дел од мечот, сепак не успеа до крај да се носи со европскиот првак кој славеше во Јане Сандански со 25:27. Судиите ни наштетија со неколку чудни одлуки.
Пет минутно уживање пред големото ракометно дерби меѓу Вардар и Барселона. Знамето е распослано на цел паркет, Комитите грмат, блицевите светат. Се чека уште победа на Вардар.
Ракометарките на Вардар ја оправдаа фаворитската улога против Хипо 37:25 (15:14), и се пласираа во главната фаза на ЛШ, каде за противник ќе ги имаат Будуќност, Букурешт и шведскиот Савехоф.
Затоа што домаќините го имаа Ваел Жалуз кој го одигра мечот на кариерата. Во секој напад на Каталонците кога Жалус ја завршуваше акцијата, топката завршуваше во гол. На крајот стигна до 12 голови, а успеа да погоди и од прекин каде шансите за погодок се секогаш минимални и ракометарите обично го погодуваат живиот ѕид.
Вардар загуби со минимални 31:30 на гостувањето кај европскиот првак Барселона, која на тој начин го презеде првото место во групата од Скопјани. Кире непрепознатлив со осум промашувања, Горбок постигна девет голови за Вардар. Реваншот во Скопје на 22-ри ноември.
По одличната серија од три победи во низа, македонскиот шампион го забележа вториот пораз оваа сезона во Лигата на шампиони од екипата која не успеа да ја совлада ниту дома во првото коло.
Ракометарките на Вардар попладнево стигнаа до втората победа во Лигата на шампионите, откако во Јане Сандански убедливо триумфираа против данскиот шампион Митјиланд 33:24 (16:8)
Македонскиот шампион приреди вистински спектакл за публиката во Јане Сандански која гледаше и уживаше како Вардар го толчи ланскиот должник од кој беше елиминиран во четвртфинале. Штербик се надмина себе си.
Ракометарите на Вардар во сабота во Јане Сандански се пред огромен предизвик кој се вика Кјелце и кој во ланскиот двомеч во четвртфиналната пресметка им го сруши сонот наречен Фајлнфор.