Романецот Козмин Моци е херој на плејофот за влез во натпреварите по групи од Лигата на шампионите. Една од трибините на стадионот во Разград ќе го носи неговото име, ветил претседателот на „лудата шума“.
Пласман во групната фаза од елитното натпреварување обезбедија уште Баер Леверкузен, Малме и Арсенал. Лудогорец после пенал рулетот, ја совлада Стеауа во Софија.
Копјата за пласман во групната фаза од Лигата на шампионите ќе се кршат во Баскија, а отворен резултат имаат и фудбалерите на Арсенал и Бешикташ. Малме и Лудогорец ќе бркаат победи на домашен терен, а таму со предност во плејофот е само Баер Леверкузен.
Од спорт на ТВ за денеска го имате последниот кошаркарски квалификациски меч на Македонија, реванш средби од плејофот во Лигата на шампионите и тениски натпревари на отвореното првенство во Њујорк.
Навивачите на Манчестер Јунајтед не стигнаа чесно да се израдуваат на новото засилување, Анхел Ди Марија од Реал Мадрид, затоа што вечерва шамар им залепи третолигаш. MK Донс - Манчестер Јунајтед 4:0.
Фудбалерите на Марибор го шокираа Селтик на гости со 1:0 и за втор пат во нивната историја се пласираа во групната фаза во Лигата на шампионите каде за прв ќе настапува нашиот репрезентативец. Во најелитното клупско европско друштво ќе играат и Порто, Зенит, АПОЕЛ и БАТЕ Борисов.
Играчите на времето строго се држеа до броевите од 1 до 11, а сега речиси и да нема фудбалер кој не носел двоцифрен број на грбот. Некој од суеверие, друг од мајтап, трет од почит. Марио останува на 45-та и во Ливерпул.
Во ситуација кога Надал е повреден, Ѓоковиќ и Мареј си ја бараат формата, а Димитров и Раониќ не се на негово ниво, Швајцарецот има големи шанси за 18-та Грен слем титула во кариерата.
Понеделничката понуда изненади со богата фудбалска програма во која ви предлагаме англиско и турско дерби, натпревари од шпанско првенство и прегледи со голови.
Македонската кошаркарска репрезентација, на коло пред крајот обезбеди пласман на континенталниот шампионат, откако вечерва по втор пат ја совлада Данска, но овој пат многу поубедливо со 80: 46. Тоа ќе биде петто последователно учевство за Македонија на Европските првенства.
Од спорт на тв, денес ви го препорачуваме претпоследниот квалификациски дуел на нашите кошаркари за Еврошампионатот во Украина, потоа трка од Формула 1 и неколку фудбалски натпревари меѓу кои настапот на Николче Новески со Мајнц.
Селекторот на кошаркарската репрезентација на САД, Мајк Крижевски го одреди списокот на играчи кои ќе настапат на Мундијалот кој почнува на 30. август.
Од спорт на тв за денес ви го препорачуваме 28. издание на охридскиот пливачки маратон од Св.Наум до Охрид и уште неколку првенствени фудбалски натпревари од кои дел ја стартуваат новата сезона.
Фудбалерите на Стјарнан од Исланд имаат само теоретски шанси за пласман во групната фаза од Лигата на шампионите, бидејќи на првиот плеј-оф меч на домашен терен против Интер, загубија со 3:0.
Како увертира на тоа што следува викендов, од спорт на тв за денеска ви најавуваме три фудбалски натпревари, меѓу кои реванш финалето од шпанскиот Супер куп.
Минатата сезона фудбалска Европа доби уште една потврда дека не е се' во парите, а главен показател за тоа беше мадридскиот клуб Атлетико, кој со колективна игра и строг тренер ги собра симпатиите на неутралните навивачи. Сезонава Симеоне со малку изменет состав повторно ќе им пркоси на гигантите.
По вчерашните возбудувања, за добар резултат пред реваншите, вечерва во плеј-оф мечевите од ЛШ ќе се борат Алборг – Апоел, Марибор – Селтик, Лил - Порто, Стандард Лиеж – Зенит и Слован Братислава – Бате Борисов.
Од спорт на ТВ денеска ви го препорачуваме четвртиот квалификациски меч на кошакркарите на Македонија, како и останатите плеј-оф средби од Лига на шампиони каде ќе го гледаме Агим Ибраими.
Гостувањето на „Емирати“ во Лондон чини многу пари, но оваа сезона „Граѓаните“ ќе им излезат во пресрет на своите навивачи кои лани откажуваа карти поради високата цена.
Понеделничката понуда со спорт не е богата, па затоа ви предлагаме да се изнагледате голови во прегледот од силните европски лиги, како и некој останат фудбалски меч и малку атлетика.
Припадник на секцијата Лас Антенас починал во болница откако бил застрелан, по судирот меѓу две спротивставени фракции на аргентинскиот второлигаш Нуева Чикаго. Повредени се уште четворица навивачи на клубот кој е познат по црната хроника.
За овој викенд од Спорт на ТВ ви го предлагаме ракометното скопско дерби, полуфиналињата во Синсинати во тенис, ЕП Атлетика, како и натпревари од првото коло во Премиер лигата и второ коло француско првенство.
Викендов, со натпреварот Манчестер Јунајтед – Свонси (сабота, 13.45ч) ќе стартува лигата поради која после ручекот, ги бркаме девојките или жените во другата соба, легнуваме во сабота и недела закотвени пред ТВ и не мрдаме од кревет. Освен ако не одиме на поправно до кладилница.