Наполитанците против 30 годишната традиција на Билбао

Копјата за пласман во групната фаза од Лигата на шампионите ќе се кршат во Баскија, а отворен резултат имаат и фудбалерите на Арсенал и Бешикташ. Малме и Лудогорец ќе бркаат победи на домашен терен, а таму со предност во плејофот е само Баер Леверкузен.

Атлетик Билбао – Наполи

- Единствениот пласман во групната фаза од Лигата на шампионите, фудбалерите на Билбао го обезбедија во 1998/1999. Наполи ќе брка трето учество по пласманот минатата година и оној во 2011/2012.

- Баскијците имаат одличен скор на последните 10 домашни натпревари на европските натпреварувања на кои загубиле само еднаш и тоа пред 30 години од Ливерпул со 1:0. На останатите средби имаат 6 победи и 3 порази.

- Фудбалерите на Наполи имаат 4 победи 3 нерешени и 2 порази во соочувањата со шпански екипи на меѓународна сцена. Единствениот двомеч со противник од Примера во ЛШ го имаат со Виљареал во сезоната 2011/2012 кога славеа на двата меча со 2:0.

- На 14 натпревари против екипи од Апенините, Билбао има 7 победи, 3 ремија и 4 порази, но ниту еден од нив не им е на домашен терен

- Рафаел Бенитез има искуство како тренер во областа Баскија додека го водеше тимот на Осасуна во 1996/1997. Против Атлетик Билбао има 4 победи, 4 нерешени и 4 порази.

- Гонзало Игуаин е кошмар по голот на вечерашниот противник. Додека го носеше дресот на Реал Мадрид, тој им даде 8 голови на 10 меча и победи на сите средби.

Реванш плејоф мечеви во Лига на шампиони:

Атлетик Билбао – Наполи (1:1)
Арсенал – Бешикташ (0:0)
Баер Леверкузен – Копенхаген (3:2)
Малме – Салцбург (1:2)
Лудогорец – Стеауа Букурешт (0:1)

27 август 2014 - 12:14