Во СЦ Јaне Сaндaнски, на последниот натпревар пред домашната публика пред заминувањето на Мундијалот во Катар, македонската ракометна репрезентација го победи Израел 39:37. Гоце Георгиевски најефикасен со 7 погодоци.
Викендов продолжува празничното коло во Англија, а дерби натпреварите се играат во Лондон и во Саутемптон. Во Шпанија, празнично кошаркарско Ел Класико, во САД еден меч од НБА, а кај нас подготвителен ракометен натпревар пред СП Катар.
24 часа по дебаклот од 30 поени разлика, „Јастребите“ им се реваншираа на Бакси и стигнаа до 22-та победа. Еден триумф повеќе од нив во Источната конференција имаат кошаркарите на Торонто Рапторс кои славеа над Клиперси.
По борбената партија против Евролигашот Црвена Звезда и триумфот над Мега Лекс, кошаркарите на МЗТ Скопје ги стаса заморот во третиот одигран меч за шест дена во регионалната кошаркарска лига.
Со само четири погодени тројки од 23 обиди, Хокси немаа што да бараат против Милвоки Бакс и загубија 107:77. Во дербито на вечерта, Хјустон го победи Мемфис Гризлис после продолженијата 117:111.
Додека другите слават, Англичаните традиционално за Божиќ и Нова година го билдаат календарот со многу фудбал. Денес ќе може да гледате две лондонски дербија, а во недела Манчестер Јунајтед му гостува на Тотенхем.
Денес на островот се игра Боксинг деј или празничен фудбал. Челси го дочекува Вест Хем, а Ливерпул гостува кај Барнли. Вечерва се игра и еден дуел од белгиското првенство, како и НБА средбата меѓу Бостон и Бруклин.
Во претпоследниот натпревар во АБА лигата годинава, кошаркарите на МЗТ Скопје ја победија Мега Лекс 84:79. Повратникот во екипата, Стефан Синовец со 17 поени покажа дека многу ќе им значи на „металците“ во борбата на три фронта.
Во водечките лиги во Европа викендов се играат последните кола пред зимската пауза. Во некои од тие лиги има играчи и тренери што ќе ги уживаат празниците, а има и такви што сериозно ќе размислуваат за својата иднина во друга средина.
British Medical Journal секоја година издава специјално божикно издание со измислени статии. По некое времe, еве ти ги истите статии во медиумите, овојпат како вистински.
Стефан Синовец, кошаркарот кој лани играше за МЗТ од каде замина во Солнок, денес и официјално се врати во клубот од Аеродром. Репрезентативниот центар, Предраг Самарџиски веројатно ќе настапи вечерва против лидерот на табелата, кој брка рекордна 13-та победа по ред во АБА лигата.
Понеделнички ви прерачуваме да гледате по еден меч од регионалната кошаркарска лига, финале од италијанскиот Супер куп и Премиер лига, како и прегледи од најсилните фудбалски лиги и скијање.
21-годишниот Бразилец чекаше повеќе од една година за да се адаптира на новата средина. Повредите и проблемите го држеа во позадина, но овој декември со 4 погодоци стана главен адут на Лацио во борбата за третото место кое обезбедува ЛШ догодина. Милан се на 7-мо.
Викендов ширум Европа се играат претпоследните и последните кола пред зимската пауза. Од најдобрите 5 лиги, на програмата е големото дерби меѓу Ливерпул и Арсенал, како и во Серија А Интер - Лацио. Денес се играат и натпревари од јадранската кошаркарска лига.
Малата не може да се помири со тоа дека не постои Дедо Мраз па паѓа во вистинска депресија при што помислува и да си го одземе животот. Девојчето се вика Лин Касиди, мајка е, и има 54 години.
Спортската понуда во сабота е страндардно полна со фудбалски натпревари од најсилните лиги. Реал Мадрид го игра финалето во Клупското светско првенство, а на програма има и еден меч од НБА лигата.
Французинот кој играше за Монако, Јувентус, Арсенал, Барселона и Њујорк Ред Бул, а има повеќе награди од Зинедин Зидан, Ерик Кантона и Мишел Платини заедно.
Во пресрет на неделното Tyne-Wear дерби меѓу омразените ривали Њукасл и Сандерленд, домашниот состав се соочува со проблеми околу составот кој ќе го почне дуелот. Алан Ширер е горд на одлуката на неговиот Њукасл кој нема друг избор за првиот состав, освен да ги пушти децата.
30 годишен маж оди наоколу и ги снима разговорите меѓу мајка му и тетка му. По ова наоѓа уште еден 30 годишен маж (брат му) и заедно со него ги имитираат двете сестри. Сега муабетот е за Бил Мареј.
Како увертира на спортскиот викенд, за вечерва на програмата го имате настапот на Николче Новески кој ќе се соочи со лидерот во Бундес лигата, потоа меч од француското првенство и натпревари од кошаркарската Евролигата.