Атланта му се одмазди на Милвоки

24 часа по дебаклот од 30 поени разлика, „Јастребите“ им се реваншираа на Бакси и стигнаа до 22-та победа. Еден триумф повеќе од нив во Источната конференција имаат кошаркарите на Торонто Рапторс кои славеа над Клиперси.

Најзаслужен за победата на Атланта над Милвоки со 90:85 беше Џеф Таг кој оствари учинок од 25 поени, 8 скока и 7 асистенции, а најголема помош доби од Ал Хорфорд кој имаше 20 поени и 9 скока. Антиќ се врати на паркетот и 16-те одиграни минути ги заврши со 3 поени, 5 скокови, една асистенција и една блокада.

Рампата на Џон Хенсон

Положувањето на Стеф Кари

Забивањето на Крис Хамфрис

Забивањето на ДеМаркус Казинс

РЕЗУЛТАТИ:

ЛА Клиперс – Торонто 98-110
Шарлот – Орландо 94-102
Вашинготн – Бостон 101-88
Мајами – Мемфис 95-103
Бруклин – Индијана 85-110
Чикаго – Њу Орлеанс 107-100
Милвоки – Атланта 85-90
Јута – Филаделфија 88-71
Сакраменто – Њујорк 135-129 (пo prodol\enija)
Голден Стејт – Минесота 110-97

28 декември 2014 - 13:45