По неизвесната завршница и тесниот пораз од Црвена Звезда, македонскиот шампион вечерва ја дочека петтата победа во регионалното натпреварување.
Во изедначен дуел во Јане Сандански, „штрковите“ на најдобар можен начин им ја честитаа Новата година на своите навивачи. Гостите од Србија со 3:0 го отворија мечот, но со двете тројки на Урош Лучиќ и серијата погодоци на Предраг Самарџиски, скопскиот тим после првата четвртина водеше 22:21.
Во 18. минута од првиот дел, при резултат 33:33, Александар Мареља уфрли неколку лесни поени и по серијата од 7:0, Мега Лекс отиде на највисоки 33:40. МЗТ до полувремето намали на 43:40. Втоиот дел продолжи со резултатската рамнотежа, а Стефан Синовец и Сеад Шеховиќ во пенал завршницата се погрижија на крајот победата и двата бода да останат во Скопје.
Освен од победата, тренерот Боби Митев може да биде задоволен и од одличниот настап на Стефан Синовец, кошаркарот кој во Аеродром се врати од унгарскиот Солнок. Покрај Синовец кој уфрли 17 коша, 6 скока и 3 асистенции, добрата форма пред дуелот со Задар во недела од 20:00 ја потврди и Сеад Шеховиќ, кој беше најефикасен на вечерашниот дуел со 19 поени. Во вториот натпревар во синиот дрес, Предраг Самарџиски имаше 10 поени и 9 скокови. Кај гостите, Александар Мареља беше прв поентер со 16 погодоци.
АБА ЛИГА, 14.коло
МЗТ – Мега Лекс 84:79
среда:
Левски Софија – Црвена звезда 58:99
Металац – Будуќност Подгорица 70:69
вторник:
Цедевита – Крка 100:75
Олимпија – Цибона 74:77
Партизан – Солнок 62:55
Игокеа – Задар 71:56
Табела:
1. Црвена звезда 14-0
2. Будуќност 11-3
3. Цедевита 10-4
4. Олимпија 8-6
5. Цибона 8-6
6. Партизан 7-7
7. Крка 6-8
8. Зада 6-8
9. Солнок 6-8
10. Мега Лекс 6-8
11. IИгокеа 5-9
12. Металац 5-9
13. МЗТ 5-9
14. Левски 1-13